Македонија
Богоев потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде на чело на Царина

Актуелниот градоначалник на општина Каропш, Стефан Богоев, потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде новиот директор на Царинската управа, но назначувањето е во надлежност на Владата.
„Сме разговарале во партијата за таа можност. Сепак, директор на Царина назначува Владата. Тоа е во ингеренција на централната власт, а јас како дел од локалната не можам да прејдицирам одлуки на Влада“, рече Богоев, одговарајќи на новинарски прашања.
Претходно, СДСМ за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски, кој е актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ТАВ Аеродроми го пречека првиот лет на Трансавиа од Амстердам синоќа на скопскиот аеродром

Трансавиа, втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија, со база на аеродромот Шипхол во Амстердам, по речиси повеќе од 12 години повторно ја воведе линијата од Амстердам до Меѓународниот Аеродром Скопје.
Тие ќе летаат на релација Амстердам-Скопје-Амстердам два пати неделно, во четврток и во недела.
Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, вчеравечер, 2-ри март 2025 година во 21 часот го пречека првиот лет на холанската авиокомпанија Трансавиа, на Меѓународниот Аеродром Скопје, со што се означи воведувањето на новата авиолинија Амстердам-Скопје-Амстердам.
„Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа; станува збор за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од нај живописните дестинации во Европа, овој лет не само што ќе ги приближи луѓето до светските историски атракции и колекции на голема уметност, туку ќе им овозможи и на туристите да ги искусат неговите живописни пејзажи“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
„Со додавањето на Скопје во нашата мрежа, им нудиме на нашите патници уште повеќе можности за патување во рамките на Европа. Без разлика дали е тоа патување за се види нов град или бизнис-патување, Скопје ќе ве воодушеви. Градот е уникатна дестинација кон ве остава без здив и се наоѓа во убава земја. Многу сме горди што ќе летаме на оваа рута“, изјави Марсел де Нојџер, Главен извршен директор на Трансавиа.
Оваа нова рута од Меѓународниот Аеродром Скопје, која повторно се воведува по повеќе од 12 години, ќе овозможи полесни патувања кон Амстердам за туризам, семејни посети и бизнис-цели.
Македонија
„Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол СДС и Филипче што не се оградуваат од него“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС неколку молчат и не се оградуваат од криминалецот Филип Андов Сокол кој ги расшетуваше затворениците со државни ресурси. Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не го разрешува членот на ЦО и советник на Заев криминалецот Сокол“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол, СДС и Филипче што не се оградуваат од него?
Дали Филипче и СДС го поддржуваат Сокол и штитат криминалци?
Од што се плаши Филипче па молчи?
Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.
Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ.
Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предложи јавниот обвинител за 47-годишник против кого е поведена истрага затоа што постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
На 2 март веднаш по полноќ, осомничениот учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил „Мерцедес“ по левата сообраќајна лента од улицата „Св Кирил и Методиј”. Но притоа не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што свесно го довел во опасност животот и телото на луѓето. Возилото го управувал со алкохол од 1,35 промили, со брзина поголема од дозволената и не забавил и не запрел на обележаниот пешачки премин. Од тие причини, со предниот дел од возилото удрил во левата страна од телото на една оштетена која како пешак попречно го преминувала коловозот на пешачкиот премин. Од ударот жртвата се здобила со тешки телесни повреди – скршеница на долни екстремитети.
Мерките на претпазливост се предлагаат со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката и спречување од повторување на делото.