Македонија
Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено во македонскиот Устав.
Борисов на социјалните мрежи напиша дека остварил средба со претставници на бугарското малцинство во Северна Македонија кои му кажале дека се чувствуваат како фантоми затоа што претседателот и премиерот ги третираат како да не постојат.
„На присутните им кажав дека гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде наведено како такво во Уставот. Тие знаат дека нашата поддршка како владејачка партија или опозиција зависи од признавањето на бугарското малцинство. Веднаш се договорив на истата тема со Еди Рама, истото го очекувам и од Зоран Заев. За Северна Македонија и Албанија е исклучително важно да бидат во Европската Унија!“, пишува Борисов.
Тој рече дека Бугарија во последните месеци западнала во меѓународна изолација, а демократските земји се смеат на нивната слаба дипломатија. Бугарија се тресе од скандали, вели Борисов, наместо да дебатира за важни теми како што се односите со Северна Македонија и кризата со Ковид-19.
Вели дека Румен Радев поставува министри со двојно државјанство и се обидува да изврши притисок врз Уставниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

