Македонија
Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо
Градежната агенда во реализација на капиталните проекти продолжува со силна динамика. Подигнувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани останува приоритет на Владата, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип.
Овој капитален проект, за кој инвестираме 306 милиони денари, а чија изградба започна во јули 2021 година, е еден од многуте кои преку Министерството за транспорт и врски во овој момент се реализираат во источниот регион од земјата.
Министерот Бочварски оствари средба со изведувачот кој го запознаа со деталите на процесот при изградба на оваа брана.
„Можам со големо задоволство да констатирам дека изградбата на овој голем проект за Штип и Штипјани тече со посакуваното темпо. Наближува денот кога браната ќе ја отвориме за нашите граѓани, кога ќе се исполни сонот на многу генерации Штипјани. Дури и во зимски услови, градежната компанија активно и навремено ги извршува своите градежни активности. Физичката реализација на терен изнесува над 10 проценти, а рокот за нејзино завршување е до крајот на 2023, почетокот на 2024 година и уверени сме дека ќе биде завршена според предвидениот договор.“ – изјави министерот Бочварски.
Средствата за овој проект се обезбедени преку буџетот на Министерството за транспорт и врски.
До крајот на овој месец, исто преку буџетот на Министерството, ќе започне изградбата на водоводна мрежа, доводен и потисен цевковод, пумпна станица и електрични инсталации во населбите Блок 77 и Каваклија во Штип.
„Договорите со компанијата изведувач и компанијата за надзор се веќе потпишани. Очекуваме во текот на наредната недела да бидат воведат во работа, со што овој значаен проект за жителите на населбите Блок 77 и Каваклија ќе почне да се реализира на терен. Инвестициската вредност на проект изнесува 8,5 милиони денари и истиот треба да биде завршен во текот на летните месеци оваа година.“ – изјави Бочварски.
Во однос на реконструкцијата на патната инфраструктура во градот Штип, преку Министерството за транспорт и врски годинава ќе се реконструираат улиците 5-ти
Конгрес, Браќа Даневи и улицата Солидарност, од проектот за Поврзување и санација на локални улици и патишта во општините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

