Македонија
Братот на Мартин доаѓа во Грција, потрагата по младиот човек сè уште е неуспешна
Братот на Мартин, Горан, побара од волонтерите за спасување да се подготват за голема операција бидејќи тој ќе направи сè што е потребно за да го лоцира својот брат.
Братот на Мартин Јовановски (31), кој исчезна пред шест дена кога заедно со двајца негови другари го однесоа морските струи на плажата во Посиди на Халкидик, утре наутро од Америка ќе дојде во Грција.
Горан Јовановски во петок наутро со авион од САД ќе пристигне на аеродромот „Македонија“, каде што ќе го преземе првиот човек на ОФКАТХ, Христос Рамос, а оттаму ќе замине за Халкидик.
Рамос рече дека братот на Мартин побарал од нив да се подготват за голема операција бидејќи тој ќе направи сè што е потребно за да го лоцира својот брат.
„Брат му ми рече дека ќе ги помести и земјата и небото за да го најде својот брат, ќе мобилизира сè што е потребно. Ни рече да бидеме спремни на сè“, ги пренесе Рамос за грчките медиуми зборовите на братот на исчезнатиот млад човек.
Како што истакна Рамос, Горан рекол дека „ќе направи сè и по секоја цена за да си го најде братот“.
Горан вчера објави и фотографија од својот брат, која е направена на плажа во Грција пред да исчезне во морето.
Рамос зборуваше и за тоа како се чувствува мајката на Мартин, која пред неколку дена дојде во Грција.
„Се надеваме дека доаѓањето на нејзиниот втор син малку ќе ја смири. Таа е жена што е сама во село и не го ни зборува локалниот јазик. Дури и некои нејзини роднини што дојдоа од Северна Македонија си заминаа и таа е сосема сама, само со нас“, изјави првиот човек на организацијата на спасувачи волонтери.
Пријателот на Мартин, Иван, кој беше спасен по повеќе од 20 часа во вода, веќе апелира за финансиска помош по отворањето сметка за донации за поддршка на потрагата по 31-годишниот маж.
Во потрагата ќе учествуваат повеќе пловни објекти на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и копнено возило и локални доброволци од населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде се делеа Бадниковите гранчиња, симбол на животот, мирот и новиот почеток.
„Им честитам на овогодинешниот кум Зоран Контраденко и на здравичарот Јаков Дренковски, со искрени желби за многу здравје, среќа, благосостојба и радост во нивните домови.
Нека овој свет празник нè обедини сите, да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, и заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање“, порача Ѓорѓиевски.
Македонија
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.

