Македонија
Бубевски: Ја убиле во паника, решиле парите да ги бараат подоцна

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејство“, односно убивањето на 14-годишната Вања неколку часа по нејзиното киднапирање.
„Нивните укажувања зборуваат дека имале некаква паника затоа што јавноста била целосно ангажирана во барањето на детето. Едниот од нив решил дека парите ќе ги бараат подоцна и решава во тој момент да ја ликвидира. Сѐ уште ги немаме прибрано сите информации и за нас е малку нејасно, кога мотивите се од користољубива природа, во истиот момент да лишиш некого од живот“, рече Бубевски.
Времето на лишување од живот е според осомничените, а конечните детали се очекуваат од обдукцијата, додаде обвинителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Бутел и Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 01.09.2025 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 09.00 часот, дел од корисниците од ул. Иван Манолев, општина Бутел;
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Тодор Чангов, општина Аеродром.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните два дена времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во среда ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност ќе има и во четврток.