Македонија
Бугарскиот Културен Клуб-Скопје jа поддржува одлуката на Владата за протерувањето на рускиот дипломат
 
																								
												
												
											Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС) ја поддржува, како што се наведува,  „храбрата одлука на Владата на Република Македонија да се солидаризира со Велика Британија, со тоа што протера еден руски дипломат“.
„БККС, како организација која обединува македонски граѓани кои го имаат сочувано својот бугарски идентитет, оваа поддршка ја дава земајќи ги во предвид и сопствените убедувања за иднината на Република Македонија.Слободна, стабилна и демократска Македонија, полноправна членка на ЕУ и НАТО се национален интерес на нашата татковина, а за остварувањето на тој врвен приоритет БККС секогаш ќе дава безусловна и безрезервна поддршка“, се вели во соопштението.
Според нив, дејствијата на Руската Федерација во последниве години претставуваат огромна закана за мирот и безбедноста во Европа. „Окупацијата и анексијата на Крим, поддршката за вооружените сепаратисти во источна Украина, окупацијата на грузиските области Абхазија и Јужна Осетија, поддршката на некои сепаратистички манифестации на Република Српска во Босна и Херцеговина и не на последно место притисокот вршен против Република Македонија да не се присоединува кон НАТО, не придонесуваат за мирот и безбедноста во Европа. Употребата на хемиско оружје против политички противници на територијата на земја-членка на НАТО и ЕУ е дрзок предизвик кон мирот на континентот.Се надеваме, солидарните дејствија на сојузниците во НАТО и партнерите од ЕУ да доведат до видлива и скорешна промена на политика на Руската Федерација“, се наведува во соопштението потпишано од Лазар Младенов, претседател на Бугарски Културен Клуб-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк
 
														На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа почнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во 19 часот во недела.
Во вториот круг ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а на три избирачки места во Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување за советници. Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше ќе се повтори изборниот процес поради непостигнат цензус во првиот круг одржан на 19 октомври.
Синоќа во Скопје коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го одржа завршниот митинг, на кој зборуваа премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Мицкоски ги изрази очекувањата за историска победа во вториот круг, додека Ѓорѓиевски ги повика скопјани масовно да излезат на гласање и, како што рече, да покажат дека Скопје избира работа и човек кој знае и умее.
Движењето ЗНАМ најави мини митинг со обраќања на Мицкоски, Ѓорѓиевски и кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, во текот на денот ќе одржи завршна прес-конференција.
Во Град Скопје право на глас имаат 474.304 гласачи, кои во недела ќе избираат меѓу Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.
Македонија
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага
 
														Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											