Македонија
Бугарското МНР се огради од Џамбаски: Бугарија нема територијални претензии
Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како несоодветно видеото на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски откако вчера македонското МНР упати протестна нота.
„Пораките на видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската влада. Бугарија нема територијални претензии кон други земји“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Од бугарското МНР забележуваат дека видеото на Џамбаски дошло по тридневно молчење од страна на македонската Влада, која ја повикале да се огради од клеветничките публикации на словенечката невладина организација Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии.
Претходно, македонското МНР соопшти дека за случајот ќе ги извести институциите во Европската Унија.
„Ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не им прилега на земји сојузнички во НАТО и земја членка на Европската Унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската Унија, на што и двете земји силно се посветени“, соопшти МНР.
Насловот на скандалозниот изборен е спот е „Mакедонија е бугарска, а Бугарија е над сѐ“. Европратеникот Џамбаски, од партијата на Красимир Каракачанов, во ведеото вели: „Постојат каузи што се поголеми од сите и од што и да било. Од секоја политичка ситница. Поголеми од која било злонамерна политичка тема. За мене, за нас од ВМРО – таква кауза е Македонија. Македонија на оние Бугари што ја сакаат, кои ја наследија и кои никогаш не ја заборавија. На Бугарите што живеат во Македонија. Македонија на оние Бугари што ја изградија модерна Бугарија. Колку пострашно ја измислувате вашата нова лажна историја толку погласно ќе се уриваат лажните темели што сте ги изградиле. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски Охрид останува. Колку погласно ги врескате лагите, толку побрз и поужасен ќе ви биде крајот“, вели Џамбаски во спотот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

