Македонија
Буџетот за Програмата за крводарителство годинава е зголемен за 15 милиони денари
На Светскиот ден на крводарителството – 14 јуни, Министерството за здравство информира дека годинава буџетот на Програмата за организирање и унапредување на крводарувањето изнесува 40 милиони денари, што е за 15 милиони денари повеќе во однос на претходната година.
„Дарувањето крв е највисок чин на хуманост и алтруизам со кој се овозможува здравствените работници секојдневно да спасуваат човечки животи“, порачуваат од ресорното Министерство.
Програмата за организирање и унапредување на крводарувањето се реализира во соработка со Црвениот крст, како значаен партнер во унапредување на здравствената заштита.
Со неа се опфатени бројни активности за континуирана здравствено-воспитна и мотивациска работа меѓу населението, подготовка на крводарителски акции, изготвување информативен материјал, анкетирање и изготвување списоци на потенцијални дарители на крв, учество на волонтери, евиденција на крводарителските акции, како и доделување признанија на крводарителите.
Во областа на крводарителството активно е вклучен и Институтот за трансфузиона медицина, каде во континуитет се вложува во унапредување на условите за работа.
Институтот за трансфузиона медицина е отворен за сите заинтересирани лица кои сакаат да придонесат кон спасување човечки животи со дарување крв.
Во 2020 година, реализирани се 21.301 дарување на крв, 157 дарувања на тромбоцити и 16 дарувања на конвалесцентна плазма. Од нив, 7 дарувања со постапка на клеточен сепаратор и 9 преку стандардно дарување на целокупна крв. Со ова, обезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на исто толку пациенти со Ковид-19.
Излекуваните лица од Ковид-19 имаат можност да даруваат крвна плазма, што исто така, претставува вид на крводарување, што се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

