Македонија
Веле Самак: Меркел бара центри за мигранти во Македонија, а за возврат да добиеме почеток за преговори со ЕУ

Ексминистерот Веле Самак итниот состанок на Европската Унија за новата криза со мигранти го оцени како обид за спас на германската канцеларка Ангела Меркел од кризата која се очекува набрзо повторно да го зафати европскиот континтент.
Самак вели дека на состанокот германската канцеларка побарала прифатни центри за мигранти во земјите од Балканскиот Полуостров, конкретно Македонија, Албанија и Србија, а за возврат тие да добијат датум за почеток на преговорите со Унијата.
ЕУ мини самит за спас на Меркел поради мигранти: Меркел ќе бара азил-центри во Албанија, Македонија, Србија. За возврат почеток на преговори со Албанија, Македонија. Поради деликатноста со геноцидниот, договор Македонија не се спомнува јавно. https://t.co/hVie99N7l4
— Vele Samak ???? (@vsamak) June 24, 2018
-ЕУ мини самит за спас на Меркел поради мигранти: Меркел ќе бара азил-центри во Албанија, Македонија, Србија. За возврат почеток на преговори со Албанија, Македонија. Поради деликатноста со геноцидниот договор, Македонија не се спомнува јавно, напиша Самак на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините

Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот здравствен систем. Министерот за здравство Азир Алиу договорот го претстави како ад хок решение за недостигот од анестезиолози на Клиниката за кардиохирургија, каде што веќе неколку дена пациенти се жалат дека не се прават операции оти нема анестезиолог.
„Затоа денес имавме состанок да се направи билатерален договор меѓу Словенија и Македонија со цел да имаме мобилност на лекари и медицински сестри меѓу двете држави. Ценам дека ова ад хок решение ќе покрие дел од потребите. Билатералниот договор значи дека лекари и сестри од Словенија може привремено да работат тука, од три до шест месеци, и наши лекари и сестри да работат во Словенија. Тоа ќе значи пренос на знаења, нови методологии и технологии меѓу двете земји. Во ваков случај, како на Кардиологија, каде што во моментот се многу лимитирани за операции, проблемот ќе може да се надмине привремено, а за долгорочно надминување нам ќе ни требаат, за жал, години“, рече министерот Алиу, кој утрово имал состанок со директорот на словенечката Кардиохирургија.
Според министерот, здравството е доведено до сегашната точка поради лошиот пристап и лошото креирање политики. Најави дека отсега политиките ќе се креираат долгорочно, за најмалку десет години, колку што вообичаено е потребно да се создаде кадарот што сега го нема. Најави посебен пристап, кој ќе тргне уште од средното медицинско образование преку факултетот, специјализациите и супспецијализациите за да се направи проектирање на капацитетите за најмалку десет години.
Македонија
Мицкоски: Ова е веќе четврти квартал со раст на БДП со повеќе од 3 oтсто

„Денес Државниот завод за статистика, објави податок дека бруто-домашниот производ во Македонија во вториот квартал е пораснат за 3,4% и тоа значи дека во моментот се објавени, од рамките на Еуростат, тоа е и европската статистика, податоци за растот на бруто-домашниот производ во вториот квартал за 28 европски земји“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Македонија го дели третото место заедно со Хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар. Сите останати земји во регионот поширок и потесен се позади Македонија.
Премиерот информираше дека ова е веќе четврти квартал кога државата има раст на бруто-домашниот производ, повеќе од три проценти.
„Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на бруто-домашниот производ од повеќе од три проценти, заедно со оваа Влада. Првиот квартал беше третиот од минатата година, кога имавме 3%, па четвртиот 3,2%, па првиот од оваа година 3,2%, и сега е 3,4%. Очекувам до крајот на годината да имаме и квартал кога ќе ја пробиеме границата од над 4%, со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не и одело добро, рече Мицкоски и додаде:
„Ова се бројки, со бројките нема политикантство, со бројките нема играње. Тоа се факти. Кога ќе ги споредите фактите, сфаќате дека тие се немилосрдни – и фактите се на страна на работата, чесната работа на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Зошто СДСМ се уплаши, па почна да измислува тези како наводно материјалите се нашле кај жртвите кои биле прислушкувани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на наводите на СДСМ дека материјалите од прислушкувањето се нашле кај жртвите и како институциите ги знаат деталите, изјави:
„Па видете, традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, да биде ВМРО-ДПМНЕ следен. Тоа што јас можам да го кажам, веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија, во суштина ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата, сега логично како претседател на Влада, да добиваме такви извештаи, не е тоа нешто чудно, не е тоа нешто страшно. Очекувам Обвинителството и Судството до крај да го истераат овој случај. Гледам во опозицијата се вознемирени, во СДСМ се вознемирени. И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите. Порано на Управата за безбедност и контраразузнавање, сега Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, така што ценам дека треба еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе коишто наместо со себе, се занимаваат со другите луѓе.“