Македонија
Велковски во градинка во Дреново: Буквално секое дете од Кавадарци ќе биде згрижено

Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денес направи увид во градинката во кавадаречко Дреново, која е заеднички проект на Општина Кавадарци и Министерството за труд и социјала.
„Имаме можност да видиме дека навистина Општина Кавадарци заедно со Министерството за труд и социјална политика прави еден проект кој буквално значи дека секое детенце тука во општина Кавадарци може и ќе биде згрижено од страна на детската заштита. Ова е една одлична порака што ја праќаме како Општина Кавадарци и како Министерство дека буквално секое детенце ќе има можност и простор да биде згрижено и да биде дел од детската заштита. Овој објект е адаптиран од страна на Општина Кавадарци, а опремата е финансирана од страна на Министерството за труд и социјална политика“, рече техничкиот министер за труд, Велковски.
Најави дека ваквите проекти, кои имаат особено значење за населените места, каде што има реална потреба од градинки, а ги нема, Министерството и во иднина ќе ги поддржува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ваучери за електронски уреди од 250 евра за студентите

Собранието со 84 гласа „за“ го усвои Законот за издавање вредносни ваучери од 250 евра (15.300 денари) за набавка на електронски помагала: лаптоп, таблет или персонален компјутер, за сите студенти до 29 години запишани на додипломски студии.
Според информациите на властите, за оваа намена од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари, со што ќе бидат опфатени 55 илјади студенти. Право на ваучери ќе имаат редовните и вонредните студенти на додипломски студии кои имаат не повеќе од 29 години и кои ќе запишат семестар во учебната 2025/2026 година на државен или приватен факултет.
Студентите запишани во втор и трет циклус на студии немаат право на ваучер.
Ваучерите за студентите премиерот Христијан Мицкоски првпат ги најави во октомври 2024 година на отворената програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на јавниот сервис, а во јуни изјави дека ваучерите за електронски уреди ќе бидат доделени од наредната академска година.
Притоа, посочи дека процедурата е отпочната во рамките на Владата, односно во Генералниот секретаријат.
Македонија
Регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 10 се активни

До седум часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив 10 се активни, три се под контрола и 16 се изгаснати.
Активни се пожарите во:
1.Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2.Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница и трет према граница со Р. Грција (мешана шума);
3.Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен; под контрола делот меѓу с. Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација);
4.Општина Македонски Брод 1 – с. Црешнево (ниска вегетација);
5.Општина Македонски Брод 2 – меѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација);
6.Општина Штип – меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
7.Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);
8.Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
9.(број 9 недостасува – може да се внесе ако има информација)
10.Општина Струмица – м.в. Три Води (вегетација);
Под контрола се пожарите во:
1.Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
2.Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија);
3.Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);
Изгаснати се пожарите во:
1.Општина Шуто Оризари – кај општината (ѓубре);
2.Општина Прилеп – кај Касарната (ѓубре и сува трева);
3.Општина Ресен 1 – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација);
4.Општина Ресен 2 – с. Прељубје (сува трева);
5.Општина Македонски Брод – с. Латово (мешана шума);
6.Општина Кочани 1 – с. Нивичани (ниска шума и сува трева);
7.Општина Кочани 2 – кај ДООЕЛ „Стоименов“, Кочани (сува трева);
8.Општина Кочани 3 – с. Мојанци (стрниште и сува трева);
9.Општина Куманово – с. Романовце (сува трева);
10.Општина Липково – с. Никуштак (сува трева);
11.Општина Гостивар – автопат Гостивар-Тетово, кај Бунар Петрол (сува трева);
12.Општина Старо Нагоричане – с. Руѓинце и с. Орах (шума, сува трева и куќа);
13.Општина Куманово 1 – н. Ристово трло (сува трева);
14.Општина Куманово 2 – с. Романовце (сува трева);
15.Општина Велес – ул. АСНОМ (сува трева);
16.Општина Росоман – помеѓу Росоман и Градско (сува трева);
Македонија
Денес и утре ќе се прска против комарци во Скопје

Од Град Скопје известија дека викендов (26.07 и на 27.07.2025 година), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, дополнуваат надлежните.