Македонија
„Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот и да каже како го набавил со плата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата. Венко Филипче може да се види како се вози во луксузно Ауди Q8, кое го нема пријавено ниту во својот анкетен лист. Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот.
Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија.
Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто.
Филипче мора да знае дека тоа што е претседател на политичка партија нема да го спаси од одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

