Македонија
Филипче е потрчко на Заев, тој не може да биде новото лице на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче е потрчко на Зоран Заев и тој едноставно не може да биде новото лице на Социјалдемократскиот сојуз, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на преседателот на СДСМ, Филипче, на денешниот конгрес на партијата, на која се избираат членовите на партиските тела.
„Филипче е човекот на кој му изгореа 14 лица во модуларната во Тетово и тој не понесе одговорност. Филипче е човекот кој за време на короната ја стави Македонија високо на светската и европската листа, но по број на умрени луѓе. На ниво на свет ја стави Македонија на високото петто место по број на починати, а на нив на Европа по број на починати на еден милион на високото четврто место.
Фани Каранфилова Пановска која сака да ја продаде како нов лик е претседателка на Сорос Македонија. Каранфилова Пановска не е никаков нов лик, ниту лице заинтересирано за општо добро. Неа и се важни само парите или како директор на македонски Сорос, според јавно достапните информации месечно зема скоро 3.500 илјади евра. Луѓето на Филипче се истите луѓе на Заев кои се второ име за корупција и криминал, воедно и назадување на Македонија на секој план.
Филипче, неврохируругот на Заев и 40 потрчковци се само синоним за корупција и криминал што резултираше со тонење на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

