Македонија
Веста дека Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово е одраз на културата на неодговорност и ароганција на ДУИ, велат од „Влен“
„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении. Како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обиде да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност?“, прашува ВЛЕН.
„Артан Груби, познат по своето проблематично минато и по обвинувањата за бегството од правдата, не ги исполнува моралните и професионалните критериуми да предава пред студентите. Универзитетот е институција која мора да промовира интегритет, одговорност и почитување на законот. Човек кој избегнал да се соочи со правдата и кој претставува модел спротивен на овие вредности не може да биде позитивен пример за младите, затоа е посоодветна одлуката на Универзитетот да му врачи отказ на нон грата Артан Груби. Коалицијата ВЛЕН претходно и соопшти на пошироката јавност дека просечната оценка на Груби од додипломските студии е 7, што значи дека студент од ваков калибар не може да се појави пред студентите.
Академскиот кредибилитет не се мери само со говори, туку со посветеност на етичките принципи и почитување на општествените норми, кои Груби се чини дека ги поткопувал во текот на неговата кариера.
Оваа состојба е јасен одраз на културата на неодговорност која ДУИ нон грата ја негуваше низ годините. Вклучувањето на луѓе со контроверзно минато на јавни и академски позиции го покажува недостатокот на морален и професионален стандард од оваа партија. Наместо да промовира меритократија и одговорност, ДУИ нон грата им дозволи на личностите вклучени во контроверзи и сомнежи за интегритетот да ги претставуваат политиката и институциите, нарушувајќи ја не само довербата на граѓаните, туку и самите основи на демократското општество“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

