Македонија
(Видео) Колева: Усвоено законско решение, им помагаме на речиси 200.000 граѓани во време на криза
„Собранието го усвои Законот за финансиската поддршка на социјално ранливите категории граѓани за справување со енергетската криза. Законот, кој е дел од пакет-мерките за помош на граѓаните, вклучува финансиска поддршка во износ од 3.000 денари месечно во наредните четири месеци за следните групи: лицата што го користат правото за попреченост, родителите на децата со попреченост до 26-годишна возраст, кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост, кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право поради попреченост, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право поради попреченост“, изјави на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
Таа напомена дека „поддршка е обезбедена и за самохраните родители корисници на гарантирана минимална помош, за стечајните работници, како и за корисници на правото на социјална сигурност на стари лица. Дополнително, директна финансиска поддршка во наредните четири месеци е обезбедена и за пензионерите што земаат до 11.525 денари пензија, а тоа се над 91.600, како и за пензионерите што земаат пензија од 11.525 до 14.000 денари, односно над 66.000 пензионери“.
„Вкупно со овој закон се опфатени речиси 200.000 лица, наши сограѓани, кои се со ниски примања. Со овој закон помошта ја лоцираме директно кај оние семејства, кои имаат најмногу потреба од помош во време на криза“, вели Колева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.