Македонија
(Видео)„Охрид СОС“: Калишта и вечерва гори
Калишта повторно гори. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на социјалните мрежи вечерва сподели ново видео на кое се гледаат опожарени делови од струшкото крајбрежје. Од Граѓанската иницијатива палењето на трските покрај езерото го опишуваат како екотероризам и ги обвинуваат институциите дека не преземаат ништо за да се спречи уништувањето на брегот на Охридското Езеро.
„Инертноста на институциите, несносувањето санкции и оставки на надлежните поради овој би се осмелиле да го наречеме екотероризам што ни се случува и дрското своеволие и очигледната корумпираност на тамошниот градски татко кој наоѓаме за сходно да го цитираме ‘станува збор за приватни имоти и тврдам дека сѐ е согласно законите’, а кој дури се најде крајно навреден од нашите реакции, си го прават своето. Ситуацијата е алармантна и за охридското подрачје. Дали можеби е редно време за инакви мерки (штом сите други ги исцрпивме) во вид на радикализација на чекорите од граѓаните кои повеќе ова дивеење и пустошење не може да го сведочат и се загрижени за она што ќе им го остават на идните генерации?“, велат од „Охрид СОС“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

