Македонија
(Видео) Трипуновски: Николовски дал градежно земјиште на брегот на Дебарското Езеро, да одговори уште колку спорни договори постојат?
„5.174 квадратни метри градежна парцела во општина Дебар, Љупчо Николовски ја дава под закуп како земјоделско земјиште. Николовски како прв човек на МЗШВ склучил договор со Екрем Зенго од Дебар и на 14 март со архивски број 68-77107/1 за закуп на земјоделско земјиште на 30 години за подигање пчелни семејства и за тоа должен е во согласност со договорот да плати годишна закупнина од 5.745 денари“, рече денеска Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој напомена дека „спорно во целиот договор е тоа што Николовски дава земјиште во градежен реон на самиот брег на Дебарското Езеро по смешна цена од 5/745 денари за квадратен метар, каде што пазарната цена изнесува од 50 евра па нагоре, што значи дека целата парцела би чинела над 250 илјади евра. Но, дека се работи за голема измама, говори и фактот што јавниот повик 02/21, кој е објавен од страна на Министерството, е склучен и овој договор и не се однесува за општина Дебар, туку за други општини во Република Македонија“.
„Имаме сериозно сомнение дека Николовски свесно прави кривично дело и од позиција на министер ја злоупотребува службената положба и овластувањето. Ова е трет спорен договор за кој постојат сериозни индиции дека преку разработен план и шема за евтини пари се даваат градежни парцели на закуп под превезот земјоделско земјиште и на тој начин се отвора можност во согласност со Законот за откуп на земјоделското земјиште, кој го турка СДС, да се откупат за мала сума пари, која и од далеку не е блиску до реалноста“, рече Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

