Македонија
(Видео) Ако пиете кафе во Владата тоа ќе биде на сметка на Заев и Анѓушев, изјави премиерот
Денеска, по завршувањето на судењето во предметот „Поткуп“ премиерот, Зоран Заев, одговараше на новинарски прашања од кои едно се однесуваше на трошоците и високите сметки кои ги плаќаат министерствата.
„Не знам дали имате пиено кафе во Владата, но тоа оди на сметка на Заев или на Анѓушев. Земјоделците што ги собира Љупчо Николовски, за секоја група има кафе и вода, тоа е на сметка на министерот, тој го потпишува тоа“, рече Заев.
Премиерот додаде дека истото се однесува и за сметката на министерот Крешник Бекташи.
„Тие се тие сметки и убаво е ПР секторот кој ги објавува, да ги каже деталите за да биде на чисто кои се сметките од бифеата кои ги плаќаат министрите. Секое кафе, го потпишува одговорното лице во институцијата“, истакна премиерот.
Овие реакции следуваат по информациите објавени во алатката што ја претстави Владата, каде што се прикажани трошоците кои ги прават владините функционери. Притоа се покажа дека кај министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, најголеми се трошоците во однос на услугите во мензите, рестораните и бифеата, каде потрошил 421.554 денари од вкупно 547.970 по три основи (во надворешни угостителски објекти, угостителски објекти во странство и угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

