Македонија
(Видео) Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за 4,6 милиони евра злоупотребени од СЈО
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука со која се задолжува Правната комисија да состави правен тим кој ќе подготви кривични пријави и тужба за злоупотребите што се направени од страна на СЈО, а кои ги потврди и нотира Државниот завод за ревизија, за проневера тешка 4,6 милиони евра, соопшти на денешната прес-конференција Стефан Андоновски.
Како што рече тој, овие пари биле исплаќани за високи хонорари, незаконски бонуси и плаќања надвор од делот за редовни плати, без законска основа.
„Тоа се 4,6 милиони евра злоупотребени пари од страна на обвинителска институција која требаше да гони криминал. Ова е преседан во светски рамки. Тоа се пари што, наместо во нови болници и училишта, завршиле во нечии џебови, и за тоа мора да има одговорност“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, Извршниот комитет на партијата ја потврдил одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ставот дека нема да се поддржат одлуките на претседателот Стево Пендаровски за вонредната состојба затоа што, според партијата, таа била злоупотребена за работи што не се поврзани со потребите за борбата против Ковид-19.
„Додека народот немаше маски, дезинфициенси и ковид-тестови, СДСМ распишуваше тендери за набавка на шкампи и школки. И на крајот, ја продолжија уште еднаш вонредната состојба за во тој период да дадат половина милион евра на невладини организации, притоа кршејќи го и Изборниот законик“, посочи Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

