Македонија
(Видео) Андоновски: Воздухот во Скопје е загаден 40 пати над нормалата

Скопје повторно смрди! Додека градоначалникот Петре Шилегов организира комични настапи во кои ја промовира својата неработа, Скопје се гуши во нечист воздух. Воздухот во Скопје е загаден 40 пати над нормалата!, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, тоа го прави Скопје најзагаден град во Европа. Загаденоста на воздухот оддалеку ги надминува европските просеци, а според истражувањата на Европската агенција за животна средина, Македонија е земја каде ситуацијата со загаденоста е најалармантна.
,,Мерната станица во Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден во период од 6-7 часот изутрина и од 9-10 часот претпладнето покажуваше дека вредноста на канцерогените ПМ 10 честичките изнесува неверојатни 1999 µg/m3, по што мерната станица е изгасена. ПМ 10 честички во износ од 1999 µg/m3, се 40 пати над нормалата. Ова не е лошо, ова е алармантно и на сето ова не гледаме никакви мерки од градските власти.
Помина повеќе од една година од мандатот на градоначалникот Петре Шилегов и повеќе од една година од ветувањата за решавање на проблемот со загадениот воздух, веднаш откако СДСМ ќе ја преземе локалната власт. Шилегов дојде на власт, а воздухот не само што не е почист туку е и позагаден. За една година Шилегов нема преземено ниту една мерка за справување со загаденоста на воздухот. Напротив, сведоци сме на објаснувања контрадикторни на предизборните ветувања и изговори дека експресно решение дека сега не било можно.
Доколку нивото на загаденост е алармантно уште во ноември, што го очекува Скопје во декември, јануари, февруари и март? Скопјани не смеат да ја плаќаат неодговорноста на градоначалникот Петре Шилегов”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи најави мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи на денешната прес-конференција ги претстави клучните здравствени проекти од неговата изборна програма. Најави нов пристап во локалната здравствена политика.
Османи најави воспоставување на мобилна болница, како караван кој секојдневно ќе биде присутен во различни населени места, каде граѓаните ќе можат бесплатно да направат превентивни здравствени прегледи.
– Секој ден во едно маало ќе има мобилна болница, во која граѓаните доброволно ќе можат да направат превентивни здравствени прегледи. Ова е многу важно, не само за откривање на поединечни случаи, туку и за зголемување на општата свест, рече Османи.
Како дел од вториот столб на здравствената програма најави здравствени тимови составени од лекари и медицински сестри, кои ќе ги посетуваат пензионерите и лицата што живеат сами.
– Повозрасните лица на некој начин се најпогодени во однос на здравјето. За нив ќе подготвиме здравствени тимови од лекари и медицински сестри кои ќе одат и ќе ги посетуваат во нивните домови кога ќе има потреба, истакна Османи.
Тој најави и посебни превентивни програми за жените, со фокус на раното откривање на рак на дојка и поддршка на физичкото и менталното здравје.
-Прашањето за жените беше најважниот приоритет во здравствената програма. Општината ќе има посебни проекти за приоретизирање на нивното здравје, рече тој.
Османи потенцираше дека новата визија за здравството во Чаир се темели на превенцијата, а не, како што посочи, на скапи и задоцнети интервенции. Тој нагласи дека сегашната состојба во Чаир е загрижувачка.
-Триесет отсто од децата во Чаир имаат повеќе хронични заболувања на белите дробови поради нечистотијата, поради правот на нашите улици. Полициските извештаи покажуваат дека четири лица дневно во Чаир завршуваат на операциона маса, поради урбаниот хаос и сообраќајните несреќи, рече Османи.
Османи денеска присуствуваше на настанот „Здравје за сите во нашата општина“, заедничка иницијатива на Секретаријатот за здравство и Младинскиот форум на Националната алијанса за интеграција што се одржа во Старата Чаршија.
Македонија
СДСМ: По наркоскандалот на директорот на Неврологија мора кривична одговорност и темелна истрага

По скандалот со директорот на Клиниката за неврологија, кој беше снимен како консумира дрога, од СДСМ реагираат дека повлекувањето од функцијата не е доволно и бараат целосна кривична и институционална одговорност.
„Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност и темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи се работи за здравството и за здравјето на луѓето,“ изјави Елена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ.
Според Радеска, доколку лице што управува со здравствена установа користело дрога, се отвора сериозно прашање како тоа влијаело врз неговите одлуки како директор, врз здравјето на пациентите и врз безбедноста и функционирањето на клиниката.
„Сите надлежни институции мора веднаш да го повикаат на распит и да го преиспитаат целото негово работење – сите тендери, одлуки, финансиски трансакции и кадровски именувања во периодот кога тој раководел со клиниката,“ додаде таа, потсетувајќи дека и Државната ревизија констатирала неправилности во клиничките испитувања и процедурите.
Од СДСМ бараат и Министерството за здравство да побара од Лекарската комора да му биде одземена лиценцата за работа сè додека трае истрагата.
„Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето или со медицина,“ нагласи Радеска.
СДСМ оценува дека случајот е показател за хаосот во здравството под власта на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нема лекови, нема операции, луѓето не можат да добијат здравствена услуга, а директорите на ДПМНЕ се дрогираат. Срамно и тажно во исто време,“ стои во реакцијата на партијата.
Од таму додаваат дека е фрапирачко молкот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за овој случај.
„Додека неговите директори се фатени со дрога, Мицкоски не може да зборува за морал ниту за вредности,“ порача Радеска.
Македонија
И Обвинителството се вклучи во постапката за пронаоѓање на маскираните разбојници кои ограбија златара

Обвинителството денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златара во близина на малиот пазар во Гостивар.
Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот.
Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со БМВ без регистарски таблички.