Македонија
(Видео) Андоновски: Со Бојан Маричиќ оваа влада на Заев не може да биде реформска
„Владата во најава е се освен реформска. Ниту има нови лица, ниту тие лица се чесни, ниту пак се компетентни во секторите кои сега им се зададени. Ова се истите стари, истрошени, транзициски кадри кои го клекнаа судството на колена, а за возврат се обогатија со Луј Витон куфери“, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, кадрите на Зоран Заев стануваат експерти за сè, од надворешни работи во правда, од труд во економија до образование, од градоначалници во министри итн.
„Бојан Маричиќ, од советник на Заев и главен промотор на штетниот Преспански договор, сега се предлага за министер за правда. Министерот во најава е познат по тоа дека ја лажеше јавноста дека референдумот за името бил успешен, но и по неговата изјава дека „Гоце Делчев, кој бил и бугарски херој, не треба да не разделува со Бугарија“.
Бојан Маричиќ, како дел од Шарената револуција протестираше за реформирано судство. Во исто време неговиот родител беше дел од Републичкиот совет на обвинители за потоа да стане Виш јавен обвинител. Против чив непотизам ќе се бори министерот во најава, за какви спреги и кочници помеѓу извршната и судската власт зборуваме? Како Бојан Маричиќ ќе носи реформи во судскиот систем, кога неговата сопруга на итна седница дента кога беше назначена и додели стипендија од 40.000 евра на ќерката на владиниот колега Никола Димитров? Дали можеби сопругата на Маричиќ ќе остане шеф и на неговиот кабинет, како што беше шеф на кабинет на Дескоска? И всушност зошто Дескоска заминува? Дали е тоа заради тоталниот неуспех да се реформира судството, застарувањето на предмети, очигледните политизирани судски одлуки, политичкиот реваншизам против неистомислениците, договорените казни од стотици години за уставобранителите? Или заради трите амнестии на криминалци од претходниот состав на Собранието?, истакна тој.
„Заев, кој своевремено сакаше да ги предводи судските реформи, сега тоа му го препушта на уште еден од низата „лажни експерти“ по сите прашања. Навистина е чудно како може еден ист човек да е експерт и за невладин сектор, и за евроинтеграции и надворешни работи, и за правда. Не е ни чудо што според сите параметри сме прогласени за хибриден режим, а судскиот систем е најслабо оценет за неговата ефикасност и транспарентност и од македонските граѓани и од Европската Унија. На овој начин судството ќе продолжи да тоне. Случаи ќе застаруваат, „обичниот“ граѓанин ќе биде казнуван, а на моќниците ќе им се простува, ќе продолжи да цвета корупцијата, непотизмот и партизацијата. Власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе прави се што сака.
И доколку сака Маричиќ да покаже дека е борец за реформирано судство, го повикувам во првите денови да се позанимава со десетиците пријавени случаи за изборен поткуп за кои обвинителството молчи, да побара вештачење на мобилните телефони на лицата од случајот „Рекет“, и да побара одговорност од обвинителката за организиран криминал зошто се уште не се позанимавала со случајот „Ден Дончев“.Оваа влада во најава е влада со краток рок на траење. Од нејзе можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања“, вели Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

