Македонија
(Видео) Антовски: СДСМ предлага делумни решенија, владата треба да го плати гасот
Во економијата, во финансиите и бизнисот нема делумни решенија, во случајов или владата ќе плати за гас или ќе ги остави радијаторите студени, изјави Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде дека сè друго е евтин партиски пи-ар.
Aнтовски наведе дека популистички полумерки нема да ги решат проблемите. Рече дека исто како и за струјата, сега се нудат делумни решенија за централното греење.
„Лукративноста и неспособноста на СДСМ-ДУИ ја втурна државата во енергетска и финансиска криза, граѓаните плаќаат скапи енергенси, фирмите и општините многукратно повеќе. Лукративноста и неспособноста за струјата ги осиромашува и граѓаните и општините. И сега дополнително се нуди делумно решение за греењето на гас. Барајќи од општините и градот Скопје да плаќаат за да го спасуваат парното во Скопје, уште еднаш покажаа дека се целосно изгубени од реалноста. Ги потсетуваме, тоа се истите општини и градот Скопје, кои СДСМ поради неспособност да ја решат енергетската криза, ги втурнаа во банкрот“, рече Антовски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент, па затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

