Македонија
(Видео) Арсовски: Заев е осамен во желбата за брзи избори
„Зоран Заев е осамен во желбата за брзи избори на сметка на здравјето на граѓаните. Неговите позиции и лицитација со датуми не биле прифатени вчера на лидерската средба буквално од ниту еден од лидерите што беа учесници на средбата. Зоран Заев, како и секогаш, на средбата отишол неподготвен, исклучиво подготвен да разговара за датуми, а не и за заштита на здравјето на граѓаните. Тука е лицемерството на СДСМ и Зоран Заев, каде што велат дека здравјето на граѓаните им е, пред сè, а всушност, единствено им се зборува за датуми“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со тврдењето дека изборите се прогласени и дека е постигната согласност за важење на уредбата за изборите, т.е. тие да се одржат 22 дена по вонредната состојба.
„Неколку невистини искажани од Заев и Спасовски по одржаната лидерска средба би сакал јавно да ги обелоденам пред граѓаните за да не дојде до забуни. Најпрвин, не е точна изјавата на Зоран Заев дека изборите се прогласени. Најпрвин, избори не може да бидат прогласени кога договор за датум нема консензуално од лидерите, а датумот, пред сè, зависи од три фактори: оценка за здравствената состојба од Комисијата за заразни болести, потоа мислење од ДИК за преземање какви било дејства и подготовка за избори, како и обезбедување официјални набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР, кои треба да обезбедат целосно покривање, односно мониторинг на мисијата и целиот изборен процес, односно и денот на гласањето.
Целосно е невистинито и повторно тука лажат Зоран Заев и Спасовски со тврдењето дека изборните дејства продолжуваат таму каде што застанаа последниот пат пред да се прогласи на вонредната состојба од страна на Стево Пендаровски. Не може да е така ова затоа што фактот оти и двајцата се согласија дека ДИК треба да даде своја процена за тоа колку време е потребно време за подготовка на изборите под услов дека Комисијата за заразни болести ќе даде зелено светло дека може да има услови за кампања, односно да си течат изборите, и објективно потребното време на ДИК за прочистување на Избирачкиот список, односно организирање на самите изборни дејства и условите што треба да бидат обезбедени. Таков рок е минимум шеесетина дена од денот на распишувањето на изборите“, вели Арсовски.
Според него, трета невистина од Зоран Заев е таа дека укинувањето на вонредната состојба ќе значи и веднаш почеток на еден изборен период.
„Тоа не може да се толкува така и на тој начин и преставува противправно толкување на Изборниот законик. Сега веќе е сè повеќе забележително незрелото однесување на Зоран Заев, како и лицемерството и бесчувствителноста кон заштитата на здравјето на граѓаните, кое сепак е најважно за сите други, освен за Заев, кому му се брза за избори.
За Зоран Заев, лидерската средба се претвори во политиканство и во борба за помал пораз, а не и во суштинска борба за здравјето на граѓаните, односно најпрвин да се исполнат сите услови, па потоа да се организираат избори. Добро е што на таа лидерска средба е прифатен планот на претседателот Мицкоски во 4 точки, со што ќе се гарантира најпрвин здравјето на граѓаните. Уште подобро ќе биде Зоран Заев на ова да пристапи сериозно и зрело, а не незрело и очајно како и во моментот, или калкулантски во обид да спаси нешто од последните денови на својата политичка кариера. Ова не е борба за потесен пораз на Зоран Заев, туку борба за заштита на здравјето на граѓаните, кое е најважно во моментот. Но, сепак, нокаутот од народот за Зоран Заев на изборите не му бега, кога и тие да се случат, Зоран Заев ќе изгуби, ќе биде нокаутиран од страна на граѓаните, но во моментот е најважно здравјето на граѓаните“, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

