Македонија
(Видео) Арсовски: Антикорупциската да истражи зошто СДСМ нема покритие за над 700.000 евра

Денеска, поднесовме претставка до антикорупциската комисија да отвори случај, да истражи на кој начин и како се финансирал СДСМ во кампањата за предвремените парламентарни избори, каде што нема поднесено извештај за потрошена прилично голема сума од над 700.000 евра, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Над 200.000 евра имаат потрошено на закуп за рекламни паноа и билборди, а над 500.000 евра имаат потрошено за рекламирање на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на другите на кои може да се рекламираат, но немаат покритие за тие пари“, обвини Арсовски.
Како што рече тој, сомнежот на граѓаните и на јавноста е дека овие пари се финансирани од рекетирањето на бизнисмените, што го правел СДСМ.
„СДСМ на овие избори изврши изборен грабеж, изборен поткуп, а тоа го преточи, освен надвор на терен, и во институциите, како гласањето на уредбата во Владата на пет минути пред завршување на вонредната состојба за двојно намалување на средствата за рекламирање и минутите на опозицијата, потоа и со непријавувањето овие суми, над 700 илјади евра“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека очекуваат брза реакција од институциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Бујар Османи е пример за неефикасно и незаконско работење

„Во својата политичка кариера, Бујар Османи секогаш се грижел само за својата функција и личен напредок, но никогаш за интересот на граѓаните. Тоа не го тврдиме само ние, тоа го потврдуваат и официјалните институции на државата. Државниот завод за ревизија има изготвено повеќе негативни извештаи за неговото работење, меѓу кои и извештајот за времето кога беше министер за здравство (2008–2011)“, велат од „Влен“.
„Во 2010 година, Државниот завод за ревизија објави извештај за Министерството за здравство за 2009 година, за период во кој Османи беше министер. Извештајот констатира:
Незаконско користење на службени возила – без налози, без месечни извештаи, без збирен извештај за километража; исплатени 4,58 милиони денари за деривати без верификација и усогласување на фактурите.
Сервисирање на возилата без докази – исплатени 1,4 милиони денари за сервисирање без записници за квалитативен прием.
Незаконски вработувања преку агенции – ангажирање лица на проекти без да е предвидено со Правилникот за систематизација на работните места.
Сомнителни додатоци за членовите на Комисијата за јавни набавки – исплатени 410 илјади денари за наводен ангажман надвор од работно време, без докази за истиот.
Овој извештај е доказ дека Бујар Османи не само што не оставил трага на развој и подобрување на здравствениот систем, туку напротив – неговото раководење било пример за расипничко и незаконско трошење на јавните пари.
Денес, истиот тој човек кој добивал негативни извештаи од државните ревизори, бара доверба од граѓаните на Чаир за да го продолжи своето незаконско работење и на локално ниво. Граѓаните имаат право да знаат дека ваквите незаконски трошења се мерени со милиони потрошени без контрола, без одговорност и без законска основа. Чаир не е општини која треба да биде засолниште за незаконска работа на Бујар Османи додека неговата ДУИ е опозиција“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.