Македонија
(Видео) Арсовски: Брутално распродавање на имотот на АД „Славија“ за смешна цена
Власта најбрутално сака да ја продаде АД „Славија“ за 218.535 евра, а целата компанија „Славија“ има имоти и објекти вредни над 20 милиони евра, обвини повторно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Без официјална процена, без ништо, Владата ја мести ‘Славија’ за продажба на свои блиски луѓе топтан да го земaт целиот имот“, додаде тој.
Како што рече Арсовски, Фатон Асани, СДСМ и Владата вчера направиле обид да го замаскираат потенцијалниот криминал што би се случил со продажбата на АД „Славија“.
Според него, имотот сега чини 9 милиони евра, а ќе чини и многу повеќе, и, како што рече, тоа што сака власта да го направи е да приграби државен и народен имот за ич пари.
„Само оваа зграда зад мене, заедно со придружните објекти, според процените од 2016 година, чини над 9 милиони евра. Објектите, како што се управната зграда, магацините, старите и новите и другите придружни објекти на ова земјиште тука, чинат дури 9 милиони евра, на површина од речиси 40.000 квадратни метри земјиште што се наоѓа тука, кое е во постапка за приватизацијата од државно да стане сопственост на АД ‘Славија’ преку службата за имотно-правни односи. Со приватизацијата на земјиштето, дополнително би се зголемила вредноста на овој имот зад мене за уште неколку милиони евра“, посочи партискиот портпарол.
Арсовски обвини дека во најава се груб криминал и брутално распродавање на имотот на граѓаните за смешна цена.
„Оваа сума е дури 100 пати под продажната и тоа во период кога се менуваат две гарнитури во СДСМ и Владата за да мислат дека никој нема да сноси одговорност. А се знае, ќе отиде во рацете на некој близок до картелот на власт“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

