Македонија
(Видео) Арсовски: Дали лица вработени во „Никоб“ се тие коишто вршеле изнуда и малтретирале во Батинци?
Параполицијата на СДСМ и нивниот миленик, агенцијата за обезбедување „Никоб“, ги доживува своите мафијашки ѕвездени моменти пред да се случи некое најтешко кривично дело во кое би биле вмешани ако продолжат вака. Силата којашто ја покажуваат вработените во „Никоб“, а ја црпат од релациите на нивниот сопственик којшто ги има со власта. Очигледно ги преминува сите граници на дело, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Еве бидејќи сите молчат изминативе неколку денови, јавно прашуваме и очекуваме одговори и од власта да се охрабри, но и од сите други институции кои треба да го говорат и истражат ова, дали дел од лицата од скопско Батинци за коишто медиумите пишуваа и за коишто пишуваше во билтенот на МВР, дека извршиле изнуда, држеле лице како заложник и одзеле автомобил, а притоа и физички сериозно го нападнале со посериозни последици, се лица кои се вработени во миленикот на СДСМ агенцијата за обезбедување ‘Никоб’, а едно од тие лица имало и раководна позиција во тој реон, во Батинци? Параполицијата на СДСМ наречена ‘Никоб’ воопшто нема проблем да се однесува како мафијашко друштво. Зошто? Затоа што јасно е дека силата ја црпат од релациите на нивниот сопственик со власта и со фамилијата на власт”, изјави Арсовски.
Тој додаде дека сопственикот на ‘Никоб’, кој има над 40 милиони евра земено од државата преку тендери за само 4 години и дополнително има бизнис и лиценца за одгледување марихуана коишто Зоран Заев ги штанцаше на нему блиски, јасно е дека е во тесна врска и спрега со власта. Оттаму е и силата. Најпрвин беше Код секјурити, агенција за обезбедување од Струмица којашто беше неуспешен проект на Заеви, преку којашто ќе можеа да имаат параполиција, сега веќе е ‘Никоб’ како долгогодишна агенција заедно со нивниот сопственик којшто одлично се вклопи во нивниот план за параполиција.
Изнуда, киднапирање и заложништво, одземање автомобили и пари се кривични дела кои ги извршиле токму овие луѓе коишто се поврзуваат со ‘Никоб’ од Батинци. Ова е начинот на функционирање на СДСМ. Од власта како и секогаш имаме молк, ниту глас ниту ништо, ниту да се спомене ниту да се каже за овој случај и нормално сите се ставаат во функција на одбрана на оваа агенција која очигледно врши терор низ Република Македонија и помеѓу граѓаните“, истакна Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

