Македонија
(Видео) Арсовски: Зоран и Вице Заеви фатени во рекет афера од 6 милиони евра
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција го објави аудио-записот што денеска беше споделен на „Јутуб“, за се однесува на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Арсовски вели дека на снимката се слуша дека сите пари од рекетот кој го зимала владата на СДСМ, завршувале кај Зоран и Вице Заеви.
„6 милиони евра, 6 милиони евра е сумата која Зоран Заев ја бара и зема преку адвокатот Димишков, имено брат на судијката Димишкова.
Зоран Заев е шефот на рекетарската група која го изврши најголемиот рекет за кој слушнала јавноста во Република Македонија. Претходно во друг аудио запис граѓаните слушнаа како самиот Димишков вели дека Зоран и Вице Заеви забегале во барањето на огромни суми на рекет, односно дека барале 6 милиона евра и дека тој ќе се обидел да намали. Очигледно по денешната снимка видовме дека Зоран Заев бил дециден и дека немал намера да намали помалку од 6 милиона евра рекет. Затоа предлагам и замолувам да ја чуеме онаа снимка од адвокатот Димишков каде што објаснува за 6-те милиони евра кои што ги побарале директно Зоран и Вице Заеви“, рече Арсовски.
Тој додаде дека во оваа снимка се потврдува оти Зоран Заев и Вице Заев диктирале која е сумата на рекетот која треба да биде платена. Арсовски истакна и дека Заев јавно на ТВ дуел со Христијан Мицкоски ја лажел јавноста дека не го познава адвокатот Димишков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

