Македонија
(Видео) Арсовски: Зошто нема истрага за 350.000 евра рекет што ги земале Заев, Богоев и Кирацовски?
Јавноста и граѓаните вчера имаа можност да ги чујат како изгледаат од блиску криминалот и корупцијата на СДСМ и кланот Заеви кој што раководеше и се уште раководи со СДСМ и со владата. Бојан Јовановски во вчерашното излагање пред Судот најбрутално го посочи и раскажа рекетирањето кое го правеле Заеви, СДСМ и сите останати од таа власт, нормално на чело со Зоран Заев. Се што говоревме како ВМРО-ДПМНЕ од оваа говорница тука изминативе 3 години во врска со случајот „Рекет“ и со рекетирањето во Република Македонија, вчера се покажа дека е вистина, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„’Златната криминална тројка’, како што вчера ја нарекоа во судницата, мислејќи на Заев, Кирацовски и Стефан Богоев, слушнавме во вчерашното обраќање на Бојан Јовановски, дека во 2017 земале 350.000 евра во кеш за незаконско финансирање на партијата на локалните избори. Зошто се уште нема отворено случај за ова? Парите, тие 350.000 евра за коишто претходно се говореше и се пишуваше во медиумите, но за жал никој не покрена никаква постапка, бидејќи обвинителството ги штити криминалците на власт, биле од зетот на нивниот коалиционен партнер Фијат Цаноски и завршиле во џeбовите на ова ‘Златна криминална тројка’, а за возврат човекот кој ги дал парите, зетот на Фијат Цаноски, добил атрактивни локации за градење во општини каде владеела СДСМ, а конкретно во Карпош, бидејќи таму и најголем дел од парите завршиле за кои што вчера говореше Бојан Јовановски“, рече Арсовски.
Toj потсети дека поранешен премиер на соседна држава, беше приведен за иста ваква работа, изнуда од бизнисмени.
„Самиот Јовановски вчера кажа дека за целиот проект Меѓународен сојуз, амин и поддршка имало лично од Зоран Заев, а освен Кирацовски и актуелниот потпретседател на СДСМ, Богоев, вмешани биле и роднини на Зоран Заев. За сето ова Јовановски вели дека има докази. Зошто тие докази не се истакнати, и прифатени во судот, претпоставете сами. Власта го има судството под контрола. Судството и обвинителството ги штитат криминалците на власт. Зошто после вакви изјави не се повикани на распит Заев, Кирацовски и Богоев“, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10
Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.
Во Скопје, утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има и дека техничката влада мора да остане, затоа што, таа е последната линија на одбрана од целосно заробување и злоупотреба на најважното, а тоа е слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес.
Филипче нагласи дека на Мицкоски „му се брза“ и дека „се бара алиби за распишување избори, не му треба дијалог, туку покритие.“
Во аргументацијата зошто техничката влада мора да остане, Филипче посочи дека таа може да се укине „само тогаш кога ние би биле зрело општество, а ние тоа сега во овој момент не сме.“
Причината, е што „оваа власт агресивно ги стави канџите на сите институции и ги злоупотребува во свои политички цели.“
„Не смее да се укине техничката влада, затоа што е тоа само светлина, единствена можност за честни и фер избори. Тие не ја сакаат техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа за оваа власт ќе значи отворање на пандорината кутија.“ рече Филипче.
Претседателот на СДСМ Филипче наведе дека се гледа „окупирање на правосудниот систем“ и дека „воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет и се носат измени на кривичниот закон кои што одговараат само на власта“, нагласувајќи дека „тоа не се прави случајно, се прави за да се заштити криминалот и корупцијата.“
Како дополнителен аргумент за потребата од техничка влада, Филипче посочи и конкретни примери.
„Во земјоделството видовме што се случи со ИПАРД 3, директор кој е поставен од ВМРО беше уапсен за корупција и проневера на европските пари. Тоа е една причина зошто мора да има техничка влада.“
Тој предупреди и на опасностите од партизација и злоупотреба на полицијата.
„Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата“ и дека „со Законот за полиција се оди кон целосна партизација на МВР“, при што „секој разговор за укинување на техничката влада не е само неодговорен, туку и опасен по демократијата и процесите во земјата.“
Филипче потенцираше дека „само техничка влада, која има присуство на опозицијата во владата, може да гарантира фер и демократски изборен циклус“ и дека е потребна и како институционална рамнотежа: „Техничката влада ќе гарантира некаков институционален баланс.“
Во делот за дигиталниот надзор, Филипче предупреди на ризиците од нерегулираните системи.
„Легализација на масовен надзор, преку системот Safe City, со 65 илјади камери, овозможува дигитален надзор на движењата на граѓаните“, и нагласи дека „технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби“ за следење на граѓаните или опозицијата за време на кампањата.
СДСМ останува на ставот дека техничката влада е неопходна како последна институционална брана за демократски избори и заштита од злоупотреба на државните институции, затоа што, како што порача Филипче, таа не е само „техничко тело“, туку „институционално вето против воспоставување на авторитарен режим.“
Македонија
Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Истите, денеска можат да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките.

