Македонија
(Видео) Арсовски: Никаква весела математика на Заев нема да ги покрие катастрофалните економски резултати
Црната економска тројка во криминалниот картел на власт, Заев-Анѓушев-Тевдовски, ја турка Република Македонија во тотален економски хаос. Задолжувањето на државата стана секојдневна практика на оваа власт, а нема никакви резултати од тоа. Економијата бележи само раст на задолжувањето, а пад на проекциите на БДП, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, бројките се немилосрдни и никаква весела математика на Зоран Заев и трети полугодија нема да ги покријат катастрофалните резултати на оваа неспособна власт.
„Веќе за идната недела оваа Влада најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари, односно околу 53,6 милиони евра. Оваа аукција на државни хартии од вредност е најавена за 16 октомври. Во рок од три недели оваа власт веќе по истиот основ ја задолжи со 102 милиона евра. Јавниот долг веќе достигна 48,8 отсто од проектираниот БДП. Ако на ова се земе фактот дека растот на БДП ќе биде помал од проектираниот, односно од 3,2 отсто, ќе заврши само на 1,2 отсто, тогаш бројките стануваат загрижувачки.
Македонија, поради неспособноста на оваа власт, повторно ќе биде на дното во Европа по растот на БДП. Во услови кога сите земји од регионот, а да не зборуваме за Европа, ќе бележат високи стапки на раст, ние ќе треба да се задоволиме со малку над 1 отсто. Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово – 4 отсто, Црна Гора – 3,7 отсто, Бугарија – 3,6 отсто, БиХ – 3,2 отсто и Хрватска – 2,8 отсто. Во Македонија може да сонуваме за овие цифри. Ни трага ни глас од 5 или 7 отсто раст што ги ветуваше Зоран Заев пред изборите. Тоа го потврди и ММФ со последниот извештаај. Тоа очигледно е капацитетот на оваа власт. Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа Влада и ја уништува иднината на генерациите што доаѓаат“, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

