Македонија
(Видео) Арсовски: СДСМ не смее да ја покачи акцизата, граѓаните драстично ќе осиромашат
„Економската политика на Владата тотално ја осиромашува целата држава. Илјадници луѓе веќе остануваат без работа, компаниите ги отпуштаат вработените од своите работни места, а никој не презема никаква мерка да им помогне и да ги избави од целата ситуација. Во моментов сведоци сме дека има предлог од страна на Владата да се покачи акцизата на нафтените деривати и горивата за 2 денара. Ова е недопустливо и невидено. Ова е единствената влада во Република Македонија којашто во моментов ја имаме, единствената влада во светот којашто наместо да им помага на граѓаните и компаниите во ваква економска криза, дополнително ги осиромашува“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Покачувањето на акцизата за два денара ќе значи катастрофално одразување врз стандардот на граѓаните. Тоа ќе значи директно товар на грбот на граѓаните, осиромашување за дури 35 милиони евра годишно. Имавме ситуација кога на почетокот на доаѓањето на СДСМ на власт Владата донесе законска уредба да се покачи акцизата за 3 денари, што значеше годишно удирање на грбот на граѓаните за над 48 милиони евра.
„Во моментов доколку се донесе предлог од стопанските комори, а прифатено од Владата, да се покачи акцизата за 2 денара, тоа ќе значи над 35 милиони евра директно врз грбот на граѓаните. Ова ќе значи дополнително покачување на животниот стандард, ќе значи дополнително покачување на патниот транспорт, ќе значи покачување на транспортот на стоки, ќе значи покачување на прехранбени продукти и сите други. Целата спирала ќе влијае врз покачување на животниот стандард на граѓаните коишто дополнително во моментов се осиромашени и голем дел од нив не се на своите работни места, односно секој десетти граѓанин од приватниот сектор е отпуштен од своето работно место.На Република Македонија и на граѓаните во моментов најмалку им треба ова како мерка, дополнително најмалку им треба формирање нова транзициона елита како во деведесеттите години, кога голем дел од фирмите беше затворен, а граѓаните оставени на улица. Оваа мерка ќе влијае врз стотици и стотици мали и средни претпријатија, постои можност да се затворат истите или да ги отпуштат своите вработени од работа.
Во моментов можам само да истакнам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ ја поздравуваме мерката што беше донесена од Владата за помош на луѓето со една плата, односно за месеците април и мај. Но, мораме да потенцираме дека иако ја прифатија мерката предложена од ВМРО-ДПМНЕ, истата треба да биде и за месец март, што директно ќе значи помош за граѓаните.
Наместо оваа влада да помага на граѓаните и компаниите, удира по грбот на граѓаните, наместо да донесе уредба на граѓаните да им се исплати плата и за месец март, тие сакаат да воведат акциза од два денара која ќе ги осиромаши уште повеќе. Не смее да се донесе мерка за покачување на акцизата“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

