Македонија
(Видео) Арсовски: Фирма блиска до Заеви добила грант за иновации со украдена и ископирана идеја
Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари.
Заеви и СДСМ преку Фондот за иновации испумпаа над 10,5 милиони евра пари на граѓаните, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, нарекувајќи ја оваа институција „Фонд за криминални иновации“.
„Фирмата ПАУЕРАД ИНТ ДООЕЛ СТРУМИЦА блиска до Заеви добила грант од 220.000 евра, но она што е скандалозно е дека апликацијата за рекламирање на фирми преку автомобили, за која се доделени овие 220.000 евра, е замислете ни помалку ни повеќе, украдена и ископирана. И како идеја и како интерфејс самата апликација“, објасни партискиот портпарол.
Како што кажа тој, апликацијата и идејата се ископирани од американска фирма која е оперативна и функционира од пред 2015. година.
„Затоа прашуваме, што е иновативно во оваа украдена идеја за да се доделат 220.000 евра? СДСМ е иновативна единствено во крадењето. Ова не е прв случај да додели Заев на негови блиски стотици илјади евра за украдена апликација“, рече Арсовски и додаде дека СДСМ и Заеви и натаму молчат за сопствеништвото на фирмата „Еленица“ во периодот кога фирмата „ПауерАД“ аплицирала за грантот.
„Да потсетиме дека фирмата е отворена на 09 февруари 2018 година. Повикот за аплицирање е објавен на 24 април истата година. А, јавниот повик траел до 11 јуни 2018. Заеви со ‘Еленица’ излегуваат од фирмата и му ја оставаат на актуелниот сопственик на 7 август 2018 кога во ек е најголемиот скандал со криминалните иновации“, објасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека одговорност мора да има за сите неправилности кои се случуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

