Македонија
(Видео) Ацевски: ВМРО-ДПМНЕ го кочи Законот за легализација на бесправно изградени објекти
„ВМРО-ДПМНЕ е посветена на кочење на законите што се од интерес на граѓаните. Со поднесувањето на стотици амандмани, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат Законот за легализација да се донесе до распуштање на Собранието, со што свесно стопираа легализација на стотина илјади објекти на граѓани“, изјави Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ партијата која носеше Закони за легализација на згради, хациенди и вили на своите партиските функционери за само едно евро, сега им застанува на патот на стотина илјади граѓани преку овој закон, кој овозможува домовите да бидат во нивната сопственост.Во недостиг на конструктивни предлози, идеи и решенија, ВМРО-ДПМНЕ нанесува директна штета на граѓаните.
„Овој чекор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден во низата којшто покажува дека пратениците на опозицијата работат спротивно на интересите на граѓаните. Јавноста, граѓаните, го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на погубните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Седница на ЦО на ЗНАМ: Продолжуваме со уште појасна визија и цврста решеност да бидеме фактор на стабилност, ред и одговорност во македонската политика
Централниот одбор во проширен состав на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вечерва одржа седница на која беа разгледани и усвоени извештаите и анализите од Локалните избори 2025 година, како и заклучоците за понатамошното политичко дејствување на партијата, известува ЗНАМ.
„Централниот одбор констатираше дека поставените политички цели за овие избори се реализирани и дека ЗНАМ од изборниот процес излегува посилно, поконсолидирано и политички појасно позиционирано од кога било досега, како сериозна и одговорна политичка сила со јасна насока на развој.

Со речиси 40.000 освоени гласови на советничките листи и присуството на ЗНАМ во повеќе од 45 општински совети, Движењето уште еднаш потврди дека не е ниту проект, ниту привремена појава, туку стабилна и растечка политичка опција со поддршка низ целата територија на државата.
Настапот на ЗНАМ на овие локални избори беше самостоен и принципиелен, со јасна определба дека довербата на граѓаните не се купува по секоја цена, туку се гради со јасни ставови, конзистентни политики и реални резултати. ЗНАМ свесно избра да расте одговорно и контролирано, водејќи се од долгорочниот интерес на државата, а не од дневно-политички калкулации“, соопштуваат од ЗНАМ.

„Во таа насока, Централниот одбор ги дефинираше и следните чекори во натамошното јакнење на партиската структура и политичкото дејствување.
Во наредниот период ќе се пристапи кон формирање на Клуб на млади и Клуб на жени во рамки на Движењето ЗНАМ, како организирани форми за активно вклучување на младите и жените во креирањето политики, јакнењето на кадровскиот потенцијал и модернизацијата на политичкиот пристап на партијата.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со уште појасна визија, засилен државотворен наратив и цврста решеност да биде фактор на стабилност, ред и одговорност во македонската политика, уверено дека добиената поддршка од граѓаните претставува темел врз кој ќе се гради уште посилна позиција на следните парламентарни избори“, се додава во соопштението на ЗНАМ.

Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

