Македонија
(Видео) Богдановиќ: Општината како што изгласува ДУП-ови така може и да ги стопира
По вчерашната изјава на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, дека воведувањето мораториум како во случајот на Општина Центар не постои во законот, се произнесе и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, велејќи дека мораториумот во неговата општина е донесен со пресуда на Уставниот суд и дека е нормално општината која носи детални урбанистички планови да може и да ги стопира.
„Советот на Општина Центар донесува детални урбанистички планови. Детален урбанистички план може да се поправи со нов. Ние донесовме одлука за извршување на ДУП-ови додека не донесеме нови, односно да ги исправиме првичните. Општината е таа што ги носи па нормално е да може и да ги сопре. Тоа е моето образложение за мораториумот и до сега не сме имале никаква жалба или поплака“, вели Бодановиќ по што додаде дека има институции кои ќе ценат дали е исправно или не, но, како што вели, јасно во одлуката се наведува на кои законски основи се повикува Општината.
Градоначалникот Богдановиќ не сакаше да ја коментира ситуацијата во Аеродром кај „Мајчин дом“ и рече дека не би можел да каже што било за ДУП-ови на други општини бидејќи не ги знае добрите или лошите страни на истите.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија
Доделување на наградата „Св. Климент Охридски“
Во Кристалната сала на Собранието, денеска, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието му се доделува на академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на композиторот Живоин Глишиќ и на ликовниот уметник Беди Ибрахим.

