Македонија
(Видео) Божиновски: Социјалната помош порасна за 300 отсто
Социјалните реформи на СДСМ извлекуваат од сиромаштија и обезбедуваат грижа за секое семејство, социјалната помош порасна за 300 проценти, изјави Борче Божиновски, член на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
Тој рече дека како одговорна партија поставивиле цели за извлекување од сиромаштија на најранливите групи, како и за обезбедување повеќе пари во секое семејство и соодветна грижа на најмладите.
„За само две и пол години успеавме да ги исполниме ветувањата дури и пред предвидениот рок што го дадовме во јуни 2017та година. Денес, повеќе ниту едно дете не живее во институциите во Република Северна Македонија. Сите се преселени во мали групни домови, односно во места каде им се овозможува на децата квалитетен раст и развој и еднаква основа за понатамошен успех како и на сите други деца кои растат во семејна средина. Денес, просечната пензија ќе изнесува 15.550 денари, што значи покачување на просечната пензија за 1746 денари споредбено со просечната пензија од јуни 2017та“, вели Божиновски.
Од СДСМ истакнуваат дека со изградбата на новите градинки се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитување на деца со предучилишна возраст и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.
Денес, додава Божиновски, 12 илјади стечајни работници добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање, а минималната плата изнесува 14.500 денари, што претставува покачување од 60 проценти споредбено со минималната плата во индустриите како што се текстилната, кожарската и чевларската каде во 2017та година таа изнесуваше 9.000 денари.
Преку реформите со системот за социјална заштита, финансиската поддршка за 30.000 семејства е зголемена просечно за 300 отсто, нагласи Божиновски и додаде дека зголемувањето на платите во приватниот сектор е субвенционирано за износи до 6.000 денари од лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

