Македонија
(Видео) Бојковски: Граѓаните во Гази Баба немаат видено ниту еден проект изграден од СДСМ
Денес ќе се пушти во употреба новиот Културен дом во Автокоманда. Ова е уште една успешна инвестиција која подоцна се реализира со поддршка на владата која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ и беше потпишан договорот на ден 11.12.2015 од претходниот градоначалник, Тони Трајковски. По принципот на јавно приватно партнерство, Општината добива нов современ културен дом и библиотека кои се во сопственост на општината, и партнерот на француската компанија Фамес кој изгради за себе најсовремено музичко студио за снимање на филмска индустрија, изјави Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, оваа инвестиција е од околу 1,5 милиони евра и каде ќе бидат ангажирани околу 150 врвни музичари и ова ќе биде место каде што жителите на Општина Гази Баба ќе уживаат во културно забавните манифестации и ќе имаат можност во модерна библиотека да другаруваат со книгите.
„Упатуваме апел до сегашниот градоначалник, до министерот за култура и до владата предводена од СДСМ да започнат со изградба на вакви капитални проекти какви што се градеа во времето на ВМРО-ДПМНЕ, добро е што ги промовираат нашите проекти, но редно е и тие нешто да започнат да градат. Граѓаните во Општина Гази Баба досега немаат видено ниту еден проект изграден од СДСМ“, вели Бојковски.
Според него, ова е уште еден доказ за домаќинското работење на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Општина Гази Баба е единствена општина со два проекти реализирани по принципот на јавно приватно партнерство, тоа е Културниот дом во Автокоманда и фудбалскиот тренинг камп во Хиподром. Проекти вредни околу 6.5 милиони евра, а се во сопственост на Општина Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

