Македонија
(Видео) Бојмацалиев во увид на градежните активности на новата Полициска станица во Аеродром: Ги исполнуваме европските стандарди во полициското работење
Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, извршија увид во градежните активности на новата Полициска станица од општа надлежност во Аеродром. Бојмацалиев истакна дека согласно планот за реконструкција на објектите и подобрување на условите за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи, од страна на раководството на МВР во 2018 година беше констатирана потребата од нова полициска станица во Аеродром, заради тоа што постојниот објект беше стара барака, со висок степен на амортизираност, дотраеност и со мала корисна вредност.
Истакнувајќи дека градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, Бојмацалиев рече дека рокот на изведба е предвиден за 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор, а вкупната вредност која е предвидена за овој објект изнесува 109.132.886,00 денари без вклучен ДДВ, односно 128.786.805,48 денари со ДДВ, предвидени од буџетот на Република Северна Македонија.
„Од денот на воведување на работа на изведувачот до денеска во период од околу 6 месеци реализирано е рушење на старата барака , дислокација на контејнери, расчистување на градилиштето од вегетација, дислокација на стари инсталации, и изведена е фаза на завршна карабина на објектот во согласност со Основниот проект. Во моментот на објектот се изведуваат низа градежни и градежно занатски работи – крово-покривачки работи, ѕидање на надворешни и внатрешни ѕидови, отпочнување на фаза поставување на електрична инсталација, изведба на надворешни шахти за инсталации“, рече Бојмацалиев.

Меѓу другото, Бојмацалиев потенцираше дека императив за МВР е исполнувањето на европските стандард на полициското работење, како и тоа дека МВР во континуитет дава значителен придонес кон остварување на политиката на енергетска ефикасност за зградите преку мерки и активности за ефикасно користење на енергијата и заштита на животната средина, што е запазено во најголем дел од досега 80-те реконструирани објекти на Министерството низ државата.
„Ново проектираниот објект за Полициската станица Аеродром се изведува на парцела со површина 3469,14 м2, со површина на градба од 781,94 м2 и максимална површина по катови од 1564 м2 (подрум, приземје и кат). Проектот ги задоволува сеизмичките карактеристики на локацијата, бидејки Скопје претставува епицентрално подрачје од Вардарската сеизмичка зона. Воедно, објектот се изведува од квалитетни естетски и современи материјали и е планиран со паркинг простор за 30 службени возила, со естетско парковско и заштитно зеленило погодно за климатските простори”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека и во време на техничка Влада продолжуваат со несмалено темпо започнатите активности во насока на подобрување на работните услови во Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

