Македонија
(Видео) Васев: Најавите за блокада на еколошката такса покажуваaт дека во ВМРО-ДПМНЕ сè е по старо

Најавите дека ќе ја блокираат еколошката такса, покажува дека во оваа ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, посочи денеска Стефан Васев од СДСМ.
„Христијан Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо ново сè додека се во тесна врска со луѓето од мрачното минато на државата. Мицкоски прво мора да се промени себеси, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но, тоа го нема“, рече претставникот на владејачката партија.
Васев потсети и дека во време на преодната Влада ВМРО-ДПМНЕ блокирале поставување модуларни болници, а денес, како што рече, се против изградба на нов Клинички центар.
„Блокади и деструкции, тоа е сè што нуди ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски. Токму затоа граѓаните ќе им испорачаат нов пораз на претстојните локални избори“, додаде Васев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.