Контакт

Македонија

(Видео) Вељановски: Работната група за ревизија на Музејот на македонската борба е некомпетентна да оценува историска поставка

Објавено пред

Сведоци сме на најбескрупулозната идеолошко-политичка пресметка со науката и современата научна мисла во 27 годишната историја на Република Македонија, рече денеска претседателот на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Вељановски, обраќајќи се пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

dobivaj vesti na viber

Како што посочи тој, структурите на СДСМ, обидувајќи се по секоја цена да ги оправдаат безумните капитулантски политики на нивната Влада, имале крајно смешен и очајно неуспешен обид за манипулација со фактите за постоењето на, според него, еден од најуспешните музеи во Република Македонија, Музејот на македонската борба.

Вељановски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротивставува на ненаучното, паушално и дилетантско толкување на македонското културно историско наследство.

„ВМРО-ДПМНЕ одговорно тврди дека составот на работната група е тотално некомпетентен да оценува историска поставка. Имено, споменатата група се состои од членови кои се археолози, конзерватори, етнолози, галеристи и само еден историчар со недоволни референци за оценување на историска поставка за 19 и 20 век. Заеднички именител на членовите на групата е дека, безмалку сите, биле активисти на шарената револуција. За разлика од нив, историската поставка во Музејот на македонската борба е создадена од 4 еминентни универзитетски професори, историчари, специјалисти за 19 и 20 век. Истата поставка, по нејзиното конципирање е потврдена и од поголема група универзитетски професори од Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’, како и Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за национална историја. Оваа историска поставка е резултат на 75 годишни проучувања на македонската историја и наука. Највредните, автентични музејски предмети кои се наоѓаат во поставката на Музејот на македонската борба се донација од граѓани на Република Македонија и наши иселеници од дијаспората, кои своето семејно наследство му го довериле на Музејот. Каква порака Групата за ревизија им испраќа на овие и на сите идни донатори на артефакти“, јавно запраша Вељановски во своето обраќање.

Додаде и дека поставката на Музејот на македонската борба е модерна, научно поткрепена и мултимедијална презентација на историјата на македонскиот народ и сите заедници кои живеат во Република Македонија.

„Ваквиот тип на музејски презентации е хит во последните години во Европа, а восочните фигури стануваат речиси неизбежна алка во презентацијата. Таков е примерот со најновите три музеи во Република Хрватска. Поставката на Музејот на македонската борба беше препознаена од најеминентни европски музеолози и стручњаци од Европската Музејска Академија, кои на музејот му доделија Специјална награда за достигањата и ентузијазмот во зачувувањето на локалната историја и култура, во Бурса во 2013 година“, рече претседателот на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Вељановски нагласи дека бројката од 250.000 посетители од над 120 земји од светот и преку 20.000 потписи во книгите за впечатоци го потврдуваат квалитетот на поставката. Исто така посочи дека за објектот на Музејот на македонската борба не се води никаква судска постапка, туку постапка се води за подземната гаража.

На крајот, Вељановски го соопшти ставот на неговата партија, според кој, во блиска иднина постапките на членовите на работната група за ревизија на Музејска дејност и нивните наредбодавци ќе бидат предмет на ревизија и истрага, а секоја незаконитост ќе биде кривично процесирање согласно степенот на уништувањето на материјалните и нематеријалните културни добра на Република Македонија.

Македонија

Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово

Објавено пред

Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Објавено пред

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.

dobivaj vesti na viber

„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија7 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија10 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија10 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија12 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ14 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет14 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија14 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија15 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија16 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 дена

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...