Македонија
(Видео) Владата и УНФПА потпишаа договор за заеднички придонес за намалување на смртноста кај родилките и новороденчињата
Министерот за здравство, Венко Филипче и директорката на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за државата, Доина Болога, денеска во Скопје, потпишаа Договор за заеднички придонес за спроведување на дел од мерките за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата во државата.
„Владата на Република Македонија првпат овозможува да се реализира ваков вид договор во нашата земја, но и пошироко во регионот. На овој начин, се зајакнува и Програмата за заштита на мајки и деца на Министерството за здравство за 2018 година, која се финансира од Буџетот на Република Македонија. Тоа е уште една гаранција дека ќе продолжат активностите за зајакнување на ефективната грижа на мајките и на бебињата за време на бременоста и по породувањето“, посочи во своето обраќање министерот за здравство Венко Филипче.
Во однос на досега преземените мерки, министерот Филипче истакна дека во соработка со експерти од УНФПА веќе се спроведоа две работи, првата е проценка на состојбата во родилиштата во Скопје и низ целата држава. Резултатите се пристигнати и се сумирани и врз основа на тоа ќе изградиме стратегија за имплементирање на следните мерки.
Втората мерка која веќе се спроведе е тренинг на тренери, се идентификуваа околу 30тина доктори гинеколози и неонатолози кои се тренираа да бидат тренери во своите области и со чија помош понатаму ќе ги спроведеме тренинзите низ другите родилишта во нашата земја.
Таму каде што сметаме дека треба да се дополни кадар или опрема, а сето тоа ќе го направиме пред се во клиничките болници (Штип, Битола и Тетово), веќе се почнати мерки и тоа се спроведува. Делумно во пресрет излегуваат агенции кои прават донација, а делумно правиме план за набавка преку Министерството за здравство.
„Подобрувањето на здравјето на мајките и нивните деца влијае врз целото општество. Ако сакаме да ги оствариме националните приоритети на развој, треба да обезбедиме право на здравје за сите“, изјави заменик-регионалниот директор на УНФПА, Иан Мекфарлан.
Договорот предвидува вкупно средства од околу пет милиони денари, од кои половина износ ги обезбедува Владата додека другата половина УНФПА, и е усогласен со Програмата на УНФПА за нашата држава за периодот 2016-2020, како и co едно од приоритетните национални прашања.
Со активностите од овој Договор, освен што ќе се придонесе кон намалување на мајчината и новороденечката смртност, ќе се унапреди и квалитетот на услугите за перинатална грижа (грижа непосредно пред, во текот и непосредно по породувањето на родилката и новороденчето), што директно ќе обезбеди здраво и безбедно мајчинство, почитувајќи ги принципите на човекови права.
Активностите конкретно опфаќаат јакнење на капацитети на мултидисциплинарни тимови на здравствени работници (гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки-бабици) за ефективна перинатална грижа, согласно стандардите на Светската здравствена организација (СЗО), развивање и примена на клинички упатства, протоколи и алгоритми за перинатална грижа, базирани на докази, обезбедување присуство на стручна меѓународна експертиза во дадените области, во болниците, како и финализирање и примена на стандардите за гинекологија и акушерство во селектираните болници.
Согласно Договорот, техничката помош на УНФПА се однесува и на менторство при спроведување на практики за перинатална грижа засновани врз докази, адаптација и акредитација на материјали за обука кои ќе се вклучат во континуираната медицинска едукација на гинеколозите, неонатолозите и акушерките како и јакнење на свеста кај жените и нивните семејства за знаците за опасност во текот на бременоста и породувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март не доби поддршка од пратениците од власта. Предлогот денеска беше на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта го одбила и предлогот за јавна расправа и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

