Македонија
(Видео) Владата на САД донираше опрема и возила за МВР во вредност од половина милион долари
Амбасадорот на САД, Џес Бејли, денеска во Министерството за внатрешни работи на министерот Оливер Спасовски му ја предаде донацијата на опрема и возила за Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за криминалистичко разузнавање и анализа при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
Опремата и возилата со вредност од околу 500 000 долари се обезбедени од Владата на САД преку програмата за контрола на извозот и граничната безбедност при Амбасадата на САД во Република Македонија.
„И денеска, како и многупати претходно, имаме чест да ве информираме за уште една важна и вредна донација од нашите пријатели – Соединетите Американски Држави, а наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Овој пат, македонската полиција добива донација во технички средства, што веднаш ќе бидат ставени во функција во соодветните организациски единици на МВР, а дел од нив, како двете комби-возила, односно мобилни системи за откривање радиоактивен материјал ќе можат да ги користат и други надлежни институции во државата, како што е Царинската управа на Република Македонија“, рече Спасовски за време на настанот.
Министерот Спасовски потенцираше дека од почетокот на воспоставувањето на граничната полиција во рамки на МВР од 2004 година наваму, односно на концептот на интегрирано гранично управување, Владата на САД преку оваа програма е најсилниот партнер и поддржувач на реалното организациско, професионално и техничко етаблирање на граничната полиција.
„Овде не се работи само за речиси стотината донации во разновидна техничка помош, туку и за стручната, професионална и техничка едукација и обука на полициските службеници во рамки на граничната полиција. Оттаму, сакам во оваа пригода уште еднаш во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите докажани пријатели – Владата на САД и Амбасадата на САД во Република Македонија за нивното конзистентно и цврсто партнерство во реформирањето и развојот на македонската полиција како еден од клучните сегменти во унапредувањето на националната, но и регионалната и глобална безбедност“, изјави Спасовски.
Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека програмата за контрола на извоз и гранична безбедност и Министерството за енергетика на САД ја даваат оваа донација за да ги подобрат капацитетите на МВР, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност за да спроведуваат професионални операции за гранична контрола и внатрешната безбедност.
„Програмата EXBS ѝ помага на Македонија веќе 17 години и има обезбедено повеќе од девет милиони долари помош преку донирање опрема и обуки. Оваа донација денес е само уште еден пример за силата на партнерството на САД, преку програмата и Министерството за енергетика, со Владата на Македонија. Би сакал да упатам пофалби на Граничната полиција, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност за нивните заложби за заштита на македонската граница и внатрешната безбедност. Ви посакувам голем успех во идната работа во ова поле и се радувам на нашето постојано партнерство“, изјави Бејли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Mарт – месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриоза
Март е месец посветен на подигнување на свеста за ендометриозата – време да зборуваме отворено, да ги разбиеме митовите и да ги охрабриме жените да побараат помош, велат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО).
Ендометриозата е хронична болест при која ткиво слично на ендометриумот (ткиво кое ја обложува внатрешноста на матката) расте надвор од матката, предизвикувајќи воспаление, болка и понекогаш неплодност.
Се проценува дека околу 190 милиони жени и девојки во репродуктивна возраст (околу 10%) во светот се погодени од оваа состојба.
Дијагнозата често доцни – во просек од 8 до 12 години од појавата на првите симптоми. Причина за ова е што болката често се смета за „нормален дел од менструацијата“, а многу жени не бараат медицинска помош навреме.
Ендометриозата може значително да го намали квалитетот на живот, да влијае на менталното здравје и работната способност, а кај 25–50% од жените со неплодност е присутна ендометриоза.
Митови и факти за ендометриозата
Мит: Силната менструална болка е нормална.
Факт: Болка која ве спречува во секојдневните активности не е нормална и бара медицинска проценка.
Мит: Само постари жени имаат ендометриоза.
Факт: Ендометриозата може да започне уште во адолесценција.
Мит: Ако имате ендометриоза, нема да можете да забремените.
Факт: Многу жени со ендометриоза успешно забременуваат, особено со соодветен третман.
Мит: Болеста се лекува со бременост.
Факт: Бременоста може привремено да ги намали симптомите, но не ја лекува болеста.
Зошто е важно раното препознавање?
Раното препознавање и соодветниот третман можат да помогнат во:
• намалување на хроничната болка
• подобрување на квалитетот на живот
• зачувување на репродуктивното здравје
• намалување на компликациите
Достапните третмани вклучуваат медикаментозна терапија, хормонска терапија и хируршки третман, во зависност од симптомите и индивидуалните потреби на пациентката.
Ниту една жена не треба да живее со хронична болка како „нормална“.
Препознавањето на симптомите, навременото обраќање кај гинеколог и информираноста се клучни чекори за рана дијагноза и подобар квалитет на живот.
Македонија
Почна спроведувањето на Законот за работно ангажирање на лица: нов чекор кон фер услови за работа и формализација на сезонскиот труд
ФЕР АНГАЖМАН
Со усвојувањето на Законот за работно ангажирање на лица, државата прави значаен исчекор кон унапредување на условите за сезонска и повремена работа, јакнење на социјалната заштита и намалување на неформалната економија.
Законот воспоставува јасна и поедноставена рамка за легално ангажирање лица за работи од сезонска или повремена природа, со што се овозможува регулирање на правата и обврските на ангажираните лица и работодавачите, како и воведување на дигитализирана постапка за пријавување и плаќање.

Со новото законско решение, ангажираните лица добиваат пристап до основни трудови и социјални права, вклучително и пензиски придонеси, осигурување во случај на повреда на работа и правна заштита, при што истовремено се задржуваат постојните социјални бенефиции. Од друга страна, работодавачите добиваат можност за брза електронска регистрација, намалување на административниот товар и поголема правна сигурност.
Законот е особено значаен за секторите со висок степен на неформално вработување, како што се земјоделството, туризмот и угостителството, и претставува основа за создавање пофер, потранспарентен и поинклузивен пазар на труд.
Ова законско решение е резултат на заеднички напори на релевантните институции и партнерските организации, во рамки на проектот „Подобри услови за вработување на сезонски работници во Северна Македонија“, имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Законот за работно ангажирање на лица претставува важен чекор кон формализација на трудот, јакнење на институционалната ефикасност и создавање одржливи и фер услови за сите учесници на пазарот на труд.
Повеќе информации за законот и начинот на негово користење се достапни на: av.gov.mk
Во наредниот период, во рамки на кампањата ќе се реализираат информативни сесии низ целата држава, каде работниците и останатите засегнати страни ќе имаат можност директно да се информираат и едуцираат за новите можности што ги носи законот. Првата информативна сесија е закажана за 4 март, 2026 во просториите на Општина Тетово, со почеток од 12:00ч.
За најнови информации, активности и корисни содржини, следете ги каналите на Центарот за истражување и креирање политики
https://www.facebook.com/crpm.org.mk
https://www.instagram.com/crpm.mk/
ПР
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.

