Македонија
(Видео) Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај
Делегација на Владата предводена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и од заменик-министерот за правда, Агим Нухиу, положија цвеќе на спомен-обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Како што информираат од владината прес-служба, положувањето венци свежо цвеќе на спомен-обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активности за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Северна Македонија како ден кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и САД бил прогласен официјално крајот на Втората светска војна и ден што бил прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот.
Венци свежо цвеќе на спомен-обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, делегација на претседателот на државата, делегација на Собранието, на Армијата, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

