Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Спасовски поради скандалот со службениот џип
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност и одговори од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасоовски, поради скандалот со службениот џип од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност.
Директор на Бирото за јавна безбедност злоупотребува службен џип за да го пренесе друштвото на својата ќерка на одмор во автокамп во Грција и притоа да застанува по продавници. Аферата МВР – ТУРС, за жал, не е кулминација, реагираа денеска од опозицијата.
„Жртвувањето на директорот на БЈБ нема да ги реши проблемите во МВР. Нема да ги реши ниту обидот за дефокусирање со измислени ‘големи акции’ против наводни екстремисти или против поранешни градоначалници, само и само за да се оттргне вниманието од аферите поврзани со Оливер Спасовски. Бидејќи, токму кај него, кај министерот Спасовски лежи најголемата одговорност. Неговата партизација на полицијата и ставањето на МВР во партиска функција ја претвори Македонија во државата во која граѓаните не се чувствуваат безбедни. А за тоа не може да ја понесе одговорноста само туроператорот Лазе Велковски“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Безбедноста на граѓаните не смее да биде заложник на клановските борби во СДСМ, ниту, пак, МВР и функционирањето на полицијата да бидат нивно внатрепартиско бојно поле, посочува Стоилковски.
Европската иднина на земјава не смее да заврши во автокамп во Грција, додава тој.
МВР мора повторно безрезервно да ја гарантира безбедноста на граѓаните, вели Стоилковски, и додава дека тоа не е возможно додека Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

