Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го соопшти новиот предлог за технички министер во МВР
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе предложи нов кандидат за технички министер во Министерството за внатрешни работи, откако власта го одби предлогот Драган Ковачки да биде прв човек на МВР поради наводен судир со Уставот.
Тој рече дека се прават последните консултации и во текот на денот и јавно ќе го објават новиот предлог. Според Мицкоски, отфрлањето на предлогот Ковачки да биде технички министер го оддава стравот на премиерот Зоран Заев од соочување со народот и стравот од избори.
„Ова е рефлексија на гнилиот систем кој отфрла професионалци. Професионалците не се природна средина ниту за Оливер Спасовски ниту за Зоран Заев. За да го отфрлат предлогот тие си зедоа улога и да бидат уставни судии и се повикуваат на членот 97 од Уставот. Но, членот 23 од Уставот е јасен, дека секој има право во државата да врши јавни функции, а во Уставот немаме категорија технички министер и техничка влада“, рече Мицкоски.
Сепак, рече тој, се решиле да предложат ново име за технички министер, бидејќи „секој поминат ден со оваа власт е поголема штета за државата“.
„Јас нема да дозволам да избегаат од избори и да се соочат со одговорноста. Отпорот на Заев кон кандидатот е неправда, но најголема неправда би било тој да избега од избори. Затоа ќе предложам ново име за кандидат, Заев ќе падне и заедно со народот ќе ги поминеме сите пречки“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

