Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ црташе срца на кејот на Вардар во спомен на починатите од Ковид-19

Во герила акција на кејот покрај реката Вардар, ВМРО-ДПМНЕ нацрта 4.108 срца со цел, како што велат од партијата, да бидат потсетник на оние кои го изгубија животот во борба со вирусот Ковид-19. Воедно, опозициската партија бара одговорност и одговори од министерот за здравство, Венко Филипче.
„Уште колку македонски срца ќе треба да престанат да бијат за министерот Венко Филипче да почувствува одговорност и грам сочувство со илјадниците мајки, татковци, синови и ќерки кои ги изгубија своите најмили чекајќи вакцини, чекајќи слободни кревети, поевтини лекови и соодветна терапија за да бидат излекувани од Ковид-19?“, рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.