Македонија
(Видео) Во Битола запленета дрога од 800.000 евра, приведени се пет лица
Пет лица се приведени, а запленета е дрога во вкупна проценета вредност од околу 800.000 евра, соопшти полицијата.
Марихуаната била одгледувана во фирма за производство на канабис за медицински цели во Битола, и покрај тоа што Владата минатата година им ја одзела дозволата.

„По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.5.2021 за одземање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели, објавена во ‘Службен весник’ бр.121 од 3.6.2021, на предлог на Министерството за здравство, поради постапувања спротивни на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кои биле констатирани при вонредна контрола извршена на 10.4.2021 од страна на Комисијата за оценување на исполнетост на условите за одгледување канабис за медицински цели во содејство со МВР, обезбедена е наредба за претрес од Основен суд Битола“, информираа о МВР.

При извршениот претрес, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис, соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ-Талевска.
Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми. Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

