Македонија
(Видео) „Гази сѐ пред себе“ – багеристите против активистите што протестираат на Водно
Еден од одговорните на проектот за раскопување на Водно со цел поставување гасовод му наредил на багеристот што го вршел копањето да помине низ луѓето кои со жив ѕид протестираат на местото. По ова, на местото каде што се врши ископот, имало вербален конфликт помеѓу активистите и одговорните за проектот проследен со пцости и навреди, сведочат за „Макфакс“ активистите што протестираат на Водно, а тоа може да се види и од видеата што тие ги поставуваат на социјалните мрежи.
„Одговорниот на проектот му нареди на багеристот да нѐ помине, да нѐ прегази бидејќи застанавме на трасата. Тој почна со пцости и навреди кон нас дека сме партиски определени: ‘Иди преку нив, му кажа на багеристот’“, вели Кирил Мицковски активист од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, кој моментно се наоѓа на самото место.
Градежниците заедно со градежната механизација се појавиле без никаква легитимација, документација или дозвола за работа.
Кога видоа дека сме решени да не мрднеме, почнаа да копаат во друга насока, која не е планирана досега.
„Ова е нешто ново, багерот тргна во насока што не е предвидена со планот за ископ“, изјави Мицковски.
Во моментот багерот со кој се врши копањето не е во функција, но работниците и понатаму работат, копаат и пренесуваат песок и земја.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

