Македонија
(Видео) Герасимовски: Објектите и азбестот во „Треска“ ги чистат сопствениците, опасниот отпад ќе заврши на Дрисла
Почнува расчистувањето на просторот на поранешната фабрика „Треска“.
Денеска градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, беше на увид на локацијата во придружба на членови од општинските служби и инспектори од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Герасимовски истакна дека до општината пристигнале 36 барања за издавање решенија за отстранување од кои одобрени се 13, а отстранувањето на објектите ќе се одвива во неколку фази и тоа ќе го вршат самите сопственици.
„Веднаш штом Обвинителството ни дозволи активности на терен, почнавме процес и законски процедури за расчистување на објектите на напуштената фабрика. Отстранувањето на објектите и чистењето на целиот простор ќе го вршат самите сопственици, кои претходно до општината доставија барања за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети“ – изјави Герасимовски.
Герасимовски изјави и дека моменталната состојба на просторот на фабриката особено по опожарувањето пред 5 месеци освен што претставува извор на зараза за жителите кои живеат во околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општина и градот. Тој се осврна и на азбестот и неговото негативно влијание по здравјето на граѓаните.
„На територијата на ‘Треска’ има околу 40.000 метри квадратни азбестен кров, кој исто така беше зафатен во пожарот. Уште тогаш кажав дека час поскоро, напуштениот индустриски капацитет треба да се расчисти. Отстранувањето на објектите и чистењето на целиот простор ќе го вршат самите сопственици, кои претходно до општината доставија барања за отстранување на објектите и начинот како истите ќе бидат отстранети. За чистењето на просторот, сопствениците на објектите имаат ангажирано и приватна компанија за надзор која ќе дава логистика за безбедно отстранување на азбестот, шутот и ѓубрето настанато пред и по пожарот и за сето тоа време тие ќе бидат под надзор на инспекциските служби за животна средина од Општина Центар“, рече Герасимовски.
![]()
Чистењето на просторот кај „Треска“ ќе се одвива плански и во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестните покриви, потоа ќе се срушат дотраените објекти, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крај, на целиот простор ќе се изврши дезинсекција, дезинфекција и дератизација, од причина што во комплексот врие од глувци, змии и други штетници, кои се исто така извор на зараза.
Герасимовски појасни дека отпадот ќе биде депониран во Дрисла, каде ќе биде соодветно уништен. Тој очекува депонијата во срцето на Центар која е сериозна закана по здравјето и животот на граѓаните да биде расчистена за неколку недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

