Македонија
(Видео) ГОБ „8-ми Септември“ доби нов современ оддел за трауматологија
Во Градската општа болница „8-ми Септември“ утре ќе биде пуштен новиот оддел за трауматологија кој, според премиерот Зоран Заев, ќе нуди услови како во големите медицински центри низ Европа.
„Можам да кажам дека сум воодушевен од она што го видов денеска, условите кои ги нуди новиот оддел за траумотаолигија во ‘ГОБ 8-ми Септември’ наликуваат на условите на големите медицински центри низ Европа. Одделението располага со 16 кревети, дополнителни шест за интензивно лекување, проценките се дека ќе се изведуваат над 2 000 хируршки интервенции годишно“, изјави Заев.
Новиот оддел ќе се пушти во употреба утре, 8 септември, а според директорот на болницата, Христијан Костов, ова е нов предизвик.
„Се зголеми капацитетот да се зголеми комфор на пациентите. Ова ни е нов предизвик, со што влегуваме во отворање на ново одделение за трауматологија со доделување на поранешните простории од ‘Филип Втори’. Тоа ќе биде дел од одделот за ортопедија и траумотологија, се состои од болнички дел, интензивен дел, а постои и просторија за стерилизација на инструменти. Вработените во ова одделение се 14 доктори. Овие простории ќе бидат во служба на граѓаните на Република Македонија“, рече Костов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

