Македонија
(Видео) Груевски одмавна со рака на прашањето дали ја примил одлуката за затворската казна
Експремиерот Никола Груевски по завршување на денешното рочиште за случајот „Титаник“ прашан од новинарите дали ја добил одлуката од кривичниот суд за неодложување на затворската казна, само одмавна со раката по што продолжи во старата зграда на Основниот суд каде што треба се одржува рочиштето за случајот „Шлаканиците во Центар“, во кој е обвинет за иницирање насилство врз поранешниот градоначалник Андреј Жерновски.
Груевски исто така не сакаше да одговори на прашањето дали ќе се жали до кривичниот совет за одлагање на затворската казна.
По одлуката на Апелацискиот суд, кој ја потврди двегодишната затворска казна за Груевски за случајот „Тенк“, експремиерот упати барање до кривичен за одложување на издржувањето затворска казна кое беше одбиено од страна на судијата одреден за извршување на казната. Откако одлуката ќе му биде доставена на поранешниот премиер, тој има право на жалба во рок од 3 дена до кривичен совет, но доколку советот го одбие барањето за одложување на затворската казна, Груевски ќе треба да се пријави во затворот во Шуто Оризари.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

