Македонија
(Видео) Даскаловски: Ќе се гради нов спортско-адреналински парк во Карпош
„На оваа локација, зад мене, набргу ќе почне изведбата на нов спортско-адреналински парк во општина Карпош. Станува збор за реализација на едно од главните изборни ветувања на СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев. За овој парк Општина Карпош доби грант, неповратни средства од 890 илјади евра од страна на Светската банка. Овој потег, од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец, целосно ќе се разубави со ново зеленило, како и содржини за спорт и рекреација на граѓаните“, изјави Филип Даскаловски, советник во Советот на Општина Карпош.
Локалната самоуправа интензивно работи на проектни апликации за добивање средства од европски фондови и други меѓународни институции.
„Веќе почна со работа целосно новата градинка во Бардовци за која беше добиен грант од речиси 250 илјади евра, средства на Европската Унија, а процесот го спроведуваше Светската банка. Во моментот се работи на инклузивно детско игралиште во Влае 2, на плоштадот Делфина, за кое исто така е добиен грант од 50.000 евра од Швајцарската агенција за соработка и развој преку Скопскиот Плански Регион.
На овој начин значително се заштедуваат и пари на граѓаните затоа што Општината добива средства кои се неповратни. Општина Карпош е во тешка финансиска состојба, но завршено е времето кога се подигнуваа кредити и парите на граѓаните се трошеа ненаменски и расипнички. Евро-атлантската перспектива секојдневно отвора нови можности, нови фондови и опции преку кои локалната самоуправа може да се развива и да оди напред. Карпош ќе продолжи да биде лидер во искористувањето средства од европските фондови, меѓународни финански институции и други организации“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

