Македонија
(Видео) Димитров: Следната битка на чесните против нечесните, без разлика од каде доаѓаат, е најважната битка

Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров, вчера вечер на граѓанската трибина во општината Аеродром зборуваше и за правдата која коалицијата „Можеме“ ќе ја спроведува во својот мандат.
„Правда не е да ги казниме само едните, како што тоа го прават ДПМНЕ. Правда е како да се однесуваме и кон самите себе. Следната битка на чесните против нечесните, која што е почната, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца, независно од каде доаѓаат нечесните“, рече Димитров.
Дали може, додаде тој, да ја замислите дрскоста да излезете пред народот да се кандидирате за пратеник, а да не може да ве најде дома поштар да ви даде покана за суд? Со кој образ ги изговарате буквите „правда“?
„15 јули е нашата шанса да ставиме конечна точка на таа лоша оставштина за конечно да завршиме со таа криза на неодговорност што почна 2015, 2016 година“, рече Димитров од трибината во Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.